Категорија Битола низ песните

ГЕЛАЛА СЕВДА ГОЛЕМА – Народни песни во кои се спомнува Битола

— „Гелала, севда голема, до век јас ли ќе те учам, куќата ми ја заложи за твојте тешки борчеви.” — Појди си града Битола, купи си кола кочија, качи си булка убава, викни си еднаш јуначки: „Кој ќе се најди…

КИРАЦА МЛАДА НЕВЕСТА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Во петок спроти сабота Кираца млада невеста станала рано наутро бело си лице измила, руса си коса исчешла, исчешла, ситно уплете, та ми отиде на пазар, на пазар во град Битола. Таму го најде Наќета, Наќета рабаџијата, Наќета кираџијата. Наќе,…

ТРГНАЛА КИРА НА ПАЗАР – Народни песни во кои се спомнува Битола

Тргнала Кира на пазар, јараман, на пазар во град Кичево, јараман, да ми го бара Наќета, јараман. — Браче ле, браче, Наќе ле, јараман, колку кирија ќе бараш, јараман, до Влашко да ме однесеш, јараман? — Невесто, млада Кираце, јараман,…

КАЛЕШ БОГДАН – Народни песни во кои се спомнува Битола

Тргна Богдан, Калеш Богдан од града Битола, да ми одит Калеш Богдан во града Солуна. Тогаш вели Калеш Богдан на својата коња: — Ако мене ти однесеш во града Солуна, ќе те ранам со шеќери и со суво грозје. Ако…

ЦВЕТИНИТЕ ОЧИ РАСПЛАКАНИ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Цветините очи черешови сношти ги видов расплакани, Цветано моме убаво, што ми си, Цвете, нажалено, нажалено, расплакано? Дали ти е мајка умрела, или е болен татко ти, или те тебе посвршија за тоа либе што не сакаш? Нито ми е…

СНОШТИ ПОМИНАВ ЗАМИНАВ КРАЈ БИТОЛСКИТЕ КАСАРНИ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Сношти поминав, заминав покрај битолските касарни. Бен сени северам, чок сени северам ) покрај битолските касарни. Сите момчиња ги видов, само мојто либе не видов. Бен сени северам, чок сени северам само мојто либе не видов. (Сите момчиња там’ беа,…

УМРЕЛО ЕДНО МЛАДО ВОЈНИЧЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Сношти излегов, мамо, прошетав покрај битолските, мамо, касарни; Сите касарни, мамо, светеа, војната музика, мамо, свиреше: Умрело едно младо војниче, а тоа било, мамо, водниче, и тоа било, мамо, либето, во лева страна, мамо, рането, во лева страна, мамо, срцето.…

МОЈТО ЛИБЕ МИ Е БОЛНО – Народни песни во кои се спомнува Битола

—Офицери, браќа мои, пуштете ме, леле, да поминам, да поминам, да заминам, да го видам мојто либе, мојто либе ми е болно, ми е болно, леле, во болница, во болница, во Битола. Ко ќе појдам, што ќе видам?! Бело лице…

ПЕСНА ЗА ВЛАДИЦИТЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Се собрале, се собрале, набрале си владици и патрици, ле-лин-до, дим-ба-ба. Првјот беше, првјот беше водеше солунскиот — лимонаре, ле-лин-до, дим-ба-ба. И по него, и по него одеше воденскиот — копринаре, ле-лин-до, дим-ба-ба. И по него, и по него одеше…

ЧУДО СТАНА ПО СВЕТА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Чудо стана по света — патрици да се гонат; тра-ља-ља, ра-ља-ља, тра-ља-ља, ра-ља-ља. Први беше врвеше битољскио просјачина; и по него врвеше крушовскио калајџија; и по него врвеше прилепскио ѕвончар; и по него врвеше тетовскио јаб’лкар; и по него врвеше…

ЧУДО СТАНА ПО СВЕТО – Народни песни во кои се спомнува Битола

Чудо стана, чудо стана по свето — владици да се женат. Тра-ла-ла, тра-ла-ла, тра-ла-ла. Први беше, први беше врвеше битолски кромитчија. Тра-ла-ла, тра-ла-ла, тра-ла-ла. Втори беше, втори беше врвеше прилепски мајтапчија. Тра-ла-ла, тра-ла-ла, тра-ла-ла. Трети беше, трети беше врвеше охридски…

МЕМЕДЕ MOPE МЕМЕДЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Мемеде, море Мемеде, Мемеде, сиро-сиромав, ни мајка има, ни татко, ни братец знае, ни сестра, ни нигде пуста роднина. Сал’ има една тамбура, тамбура иќителлија; И она му е скршена, и она не е негова. Тргнал Мемед по селата, девет…

КАРАМФИЛО ДУЛБИЈО – Народни песни во кои се спомнува Битола

— Карамфило, Дулбијо, промени се, дојди си, на бел камен седни си! — Дејди лудо и младо, во што да се променам кога немам кошула? — Карамфило, Дулбијо, да би очи немала, зашто не си кажала! Кога си бев в…

СЕ СКАРАЛЕ СЕ СТЕПАЛЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Се скарале, море, се степале, се скарале, аман, с’ истепале до три чупи битолчанки, до три чупи јенималки. Прва кавга, море, започнала, друга кавга, аман, засилила, трета коси искубала и по лице им фрлила. Се скарале, море, се степале сред…

КОГА СИ БОЛНО ЛЕГНАЛО ЛЕНЧЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Кога си болно легнало, Ленче, ти не си се мене кажало, Ленче, понада да ти донесам, Ленче: Битолско топло симиче, тетовско благо јаболко, тиквешко вино црвено, да пиеш и да оздравиш. . Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА Народни песни…

БИТОЛЧАНИ БРЕ ГРАЃАНИ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Битолчани бре граѓани, слушајте ме што ќе кажам; Јас ќе кажам нешто ново: Ќе се мажам Отешево, Отешево нова мода, со магаре носат вода, а Лескоец уш’ поново: Co букрија носат вода; А за Стење нема што да кажам, без…

БИТОЛСКИТЕ БЕГОВИ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Битолските бегови на кафене седеа, црно кафе пиеја и газети четеа, политика бистреа и за жени говореа. Оздол’ иде Димковица, си го бараше Димко. Си помина пред кафене, беговите ја прашаа: — А мори Димковице, каде ти е Димко? —…

СИТЕ БИТОЛЧАНИ МОМЕ МНОГУ ТЕ ФАЛЕА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Сите битолчани, моме, многу те фалеа: Работно си било. Јас ќе ти купам, моме, стодрам бабаќ. Да ми исткаеш, моме, сто аршини платно! Тва што ќе престане, моме, една бела риза! Сите прилепчани, лудо, многу те фалеа: Ти си било,…

ПРОШЕТАЛО СЕ ДЕВОЈЧЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Прошетало се девојче низ равно поле Битолско, на среде поел бел чад’р, под чад’р седат терзии, терзии белогратчани. Девојче им се милно моли: — Терзии белогратчани, да ми скроите широк ф’стан! Без мера да го скроите, без игла да го…

СПАСИЈА ГУРАБИЈА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Спасијо, гурабијо, од мала те засакав, голема не те зедов. Мажа ти ќе г’ отепам, вдовица ќе те земам. Ќe те носам Битола, Битола на пајтони. Ќe ти купам чадорче, чадорче со пулајки. Сонце да не те грее, дождец да…