Манастирската црква Св. Илија во близина на село Ротино е понова градба која според кажувањата на локалното население е изградена врз постар манастир. Манастирот е сместен на периферијата, на јужната страна на село Ротино, на околу 200 метри од последната куќа.

Густата букова шума на Баба планина, уреденото излетничко место веднаш до Манастирот и Ротинското езеро, се главните причини поради кои овој манастир е една од омилените дестинации за посета на битолчани.
На околу 200 метри од Манастирот Св. Илија се наоѓа т.н. Ротинско езеро (Прочитај повеќе >>>).
Прочитајте повеќе за:
Како до манастирот Св. Илија
Од центарот на Битола до центарот на село Ротино води асфалтен пат во должина од 13 км. Од центарот на село Ротино, јужно до манастирот Св. Илија сместен на периферијата на селото, води тесен земјен пат кој е погоден и за лесни коли.