Ротино е планинско село сместено на 1010 м надморска висина на планината Баба, оддалечено 13 км од Битола. Селото граничи со Националниот парк Пелистер и во атарот се најзастапени пасиштата и обработливо земјиште.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Ротино живееле 680 жители, сите Македонци. Според Пописот во 2002 во селото имало 113 жители, број кој денес е значително намален.
Како и другите села во околината и село Ротино доста настрадало за време на Првата светска војна, кога настрадал голем дел од населението.
Низ селото тече Ротинска Река која е притока на реката Шемница, а посебна атракција претставува Ротинското Езеро, сместено југо-западно во близина на селото.
Цркви и Манастири во село Ротино
Црква Св. Никола

Прочитај повеќе: Црква Св. Никола, с. Ротино >>>
Манастир Св. Илија

Прочитај повеќе: Манастир Св. Илија, с. Ротино >>>
Посебна атракција во близина на село Ротино претставува т.н. Ротинско езеро.
Прочитај повеќе: Ротинско езеро >>>