Црквата Св. Никола во село Ротино е изградена во средината на 19 век, но за време на Првата светска војна била тешко оштетена и подоцна обновена. Храмот е мала трикорабна градба со полукружно формиран централен свод.
Иконостасот е изграден во периодот по Првата светска војна, а од стариот инвентар на црквата зачувана е само една икона.
Во дворот на црквата пред влезот е изградена камбанарија од поново време.
Не пропуштајте: