Авто и етно музеј – Крклино

Krklino Museum Bitola, Macedonia

Авто и етно музејот „Филип“ е прватен музеј сместен во село Крклино, на само 5 км од Битола.Krklino Museum - Auto and Ethno Museum " Filip"Со колекција на предмети која по квалитет и квантитет надминува и многу државни музеи, овој музеј е една од локациите кои не смеете да ги пропуштите при Вашата посета на Битола.

Krklino Museum - Auto and Ethno Museum " Filip"Музејот содржи богата збирка на стари автомобили, односно: Симка Ариане 1953г. Опел Рекорд; Форд Таунус; Пежо 404; Плимут Валијант; Москвич; Опел Олимпија; Фиќо ; Фолсваген Буба; Цитроен. Исто така импресивна е и колекцијата на стари моторцикли и велосипеди.

Krklino Museum - Auto and Ethno Museum " Filip"Етно секцијата во музејот содржи богата колекција од експонати, внимателно претставени во неколку автентично уредени соби: градска, селска, еврејска и турска.

Музејот поседува и богата збирка на стари костими, инструменти, оружје, предмети од домаќинство и сл.

Локација