Национален парк Пелистер е сместен помеѓу Преспанската и Пелагониската котлина, во југозападниот дел на Република Македонија. Пелистер е прв национален парк во Република Македонија, прогласен во 1948 година и опфаќа површина од 17 150 ха.
Може да се каже, дека најзаслужни за добивањето на статусот национален парк се пространите шуми со петоигличестиот бор – молика (Pinus peuce), откриен во 1839 година од австрискиот ботаничар August Grisebach.
Моликата или македонскиот бор (Pinus peuce) е симбол на националниот парк Пелистер и планината Баба. На Пелистер има молики кои се постари и од 230 години.
Повеќе информации за Национален парк Пелистер
- Национален Парк Пелистер
Телефон: +389 47 233 464
Факс: +38947 233 668 - Инфо центар: Телефон : +389 47 237 010
Емаил адреса: np.pelister@yahoo.com
Административно, подрачјето на националниот парк припаѓа на општините Битола и Ресен и во неговите граници постои само една населба – село Маловиште.
Пелистер (2601 m н.в.) е највисокиот врв на планината Баба и трет највисок врв во Македонија. Пелистер, често се користи како име на Баба Планина, а исто така е и синоним за градот Битола.
Во Националниот парк Пелистер се идентификувани 88 видови дрвенести растенија, класифицирани во 23 фамилии, и живеат 91 вид на птици, 35 видови цицачи, 10 видови водоземци и 15 видови на влечуги.
Се верува дека името Пелистер е добиено од петоигличниот бор – „петлистер“, или пак од грчкиот збор “peristeri” што значи гулаб, а кој асоцира на белосивиот камењар.
Пелистерски езера
На планината Баба евидентирани и проучени се 8 планински езера, од кои 3 се постојани, 3 периодични и 2 повремени. Според времето на нивниот настанок тие се вбројуваат во постглацијални езера, додека според факторите кои довеле до создавање на езерските базени, се делат на: ерозивни, акумулативни и комбинирани.
Најпознати се „Пелистерските очи“ т.е. Големото и Малото Езеро, кои се оддалечени околу 2 км, и се едни од омилените дестинации за посета на битолчани. Во пелистерските езера живеат ендемичната пелистерска поточна пастрмка (Salmo trutta peristericus) и пелагониската поточна пастрмка (Salmo trutta pelagonicus).
Постои легенда дека Пелистерските очи настанале од солзите на двете сестри, кои се вљубиле во истото момче – Пелистер
Локација
Фото галерија
Туристички содржини
Туристички содржини
Националниот парк Пелистер нуди содржини за посетителите преку целата година и е богат со прекрасни терени за планинарење, велосипедизам и спортување. Особена атракција во текот на летните месеци се џип сафари екскурзиите до Пелистерските очи.
Прочитај повеќе:
- Планинарски патеки на Пелистер >>>
- Велосипедски патеки на Пелистер >>>
- Големо и Мало езеро – џип сафари >>>
Во текот на зимските месеци, снегот на некои места на Пелистер се задржува и до месец јули, па покрај ски центрите Копанки и Стрежево, особено интересни се т.н “Freeride” ски тури.
Прочитај повеќе: