Ски центарот ,,Копанки“ е сместен во раскошот на прекрасна моликова шума во Националниот парк Пелистер во југозападниот дел од Република Македонија на 1420-1900 метри надморска висина.
Ски центарот со Битола е поврзан со асфалтен пат во должина од 15 км, а додека пак растојанието до аеродромот во Охрид изнесува 70 км и 180 км до аеродромот во Скопје.
Комплетната инфраструктура на жичарницата, ски стазата и ски лифтот се наоѓаат покрај хотел Молика на почетна надморска височина од 1420 метри каде што е почетокот на жичарницата, 1610 метри локацијата на планинарскиот дом Копанки и стартот на Ски стазата на надморска висина од 1800 метри.
Жичарница и ски стаза “ Бегова Чешма – Копанки“
- Должина на комплетната постројка 680 метри
- Почетна станица на надморска висина 1400 метри
- Крајна станица на надморска висина 1610 метри
- Број на корпи со две седишта 68
- Капацитет за превоз на патници 500 на час
- Просечен нагиб 36 %
Ски – Лифт и ски стаза ,, Копанки “
- Должина на комплетната постројка 580 метри
- Почетна станица на надморска висина 1610 метри
- Крајна станица на надморска висина 1800 метри
- Број на сидра за влечење 45
- Капацитет за превоз на скијачи 700 на час
- Просечен нагиб 38 %
Контакт и повеќе информации
- Хотел Молика
- Адреса: Бегова Чешма, Национален парк Пелистер, Битола, Република Македонија
- +389 (0) 47 229 406
- +389 (0) 75 495 725
- hmolika@t-home.mk
- https://hotelmolika.com.mk