Ниже Поле ски центарот е сместен над селото Ниже Поле на падините на Баба Планина на надморска висина од 1.300 – 1.610 m н.в. Од Битола до ски центарот Ниже Поле води асфалтен пат со должина од 15 km.
Ски центарот располага со три ски лифтови со вкупна должина од 2.150 метри и капацитет од 3.000 патници на час.
Вообичаено ски сезоната започнува од почетокот на месец декември и трае до крајот на месец март.
Други информации за Ски центар “Ниже Поле”:
- Надморски висини на стазите – 1.300 – 1.610 m
- Должина на скијачките патеки под жичниците околу 5.500 м.
- Кафе бар (бачило) (работно време секој ден од 08:00 – 16:00 h)
- Патеки за почетници и за напредни скијачи
Контакт и повеќе информации
- Ј.П. Стрежево Битола
- бул. 1-ви Мај 77 – Битола
- +389 47 207-800
- +389 47 207-816
- факс.: +389 47 207-836
- e-mail: strezevo@t.mk