Битолскиот Чинар – едно од најстарите дрва на Балканот

Cinar tree Bitola, Macedonia

Битолскиот чинар е најголемото и едно од најстарите дрвја во Битола и на Балканот. Се наоѓа на улица Димитар Влахов на битолскиот Баир, недалеку до Керим-беговиот амам и ОУ “Ѓорѓи Сугарев.
Според една легенда се верува дека пред околу шест века дрвото го посадила затвореничка во битолскиот турски женски затвор.

Чинар (лат: Platanus orientalis, англ: plane-tree) е дрво кое може да достигне висина до 40 метри, со дебелина на стеблото до 3 метри. Цвета во месец април и неговите цутови се собрани во соцутија, наредени во машки и женски околу оски. По цутењето машките соцутија се сушат и паѓаат, а женските се развиваат во топчести плодови кои узреваат на есен.