Украсното дрво Магнолија потекнува од Северна Америка и од истото постојат повеќе од 200 различни видови. Има раскошни цветови со големина 15-30 см, во розова, бела или виолетова боја. Почнува да цвета во месец март а листовите се големи, сјајно зелени и излегуваат после цветовите.
Со својата раскошна убавина и опоен мирис ова украсно дрво може да се сретне во многу дворови, но и околу Саат-кулата и Јени џамија во центарот на Битола.
Во минатото ова украсно дрво го имало и пред куќата на познатиот Битолски трговец Икономов, кој истата ја издавал под наем, па така при крајот на 19ти и почетокот на 20 век, во неа бил сместен конзулатот на Австро-Унгарија.
Од тука доаѓа и името на плоштадот „Магнолија“, во центарот на Битола.