Брусник – село во Општина Битола
Брусник е село во Општина Битола, сместено на 5 км од центарот на Битола. Според преданието прво биле формирани соседните села Лавци и Дихово, а на земјиштето кое лежело меѓу нив било формирано денешното село Брусник.
Северно од селото во средината на XIX век постоел мал чифлик на некој силен бег, кој бил убиен, а чифлишката земја станала селска.
За време на Првата светска војна, село Брусник било на самата фронтова линија и било запалено.
Во селото има две цркви – Св. Димитриј и Св. Спас.
Св. Димитриј
Село Брусник е одлична дестинација за прошетки и велосипедски екскурзии, преку целата година и она што особено восхитува се живописната природа, прекрасната традиционална архитектура и убавите панорами кон Битола и Пелагонија.
Панорама – поглед кон Битола