Извадок од книгата: „Манаќи и Битола“ од Димитар Димитровски – Такец, декември 1975 г
Во август 1958 година, група ентузијасти, радио-техничари, меѓу кои Асен Даскалов (одговорен инжинер на Западни ТВ-УКВ-СБ-предаватели при РТС), Ацко Стојановски, Јонче Стојановски, Боро Гагалевски и др., со два телевизори и еден агрегат се искачија на самиот врв Пелистер. Нивната цел беше преку италијанската телевизија да ја следат олоимпијадата во Шведска. И покрај големото невреме со ‘молњи и рофји, кога „платнениот шатор се тресеше како лист”, тие успеаја во својата замисла. Тоа беше повод во наредната година да се преземат посериозни зафати во што учествуваше Радио Скопје во смисла на градење на еден примо-предавател.
Со помошта на ЈНА беше донесен електричен кабел од село Нижополе до врвот на Пелисер во должина од седум километри. Штом блесна електриката на Пелистер веќе беше удрен темелот за поставување на првиот репетитор со снага од 5 вати, преку кој Битола и околината можеа да ја следат италијанската ТВ програма, а со друг репетитор поставен на Солунска глава истото му се овозможи и на Скопје.
Тоа беа никулците во развојот на телевизијата во СРМ. Во 1970 година на Пелистер беше поставен предавател од пет киловати (5.000 вати) кој во споредба со првиот предавател е илјада пати поголем.

