Дводелна панорама на Битола од Тумбе Кафе издадена во ноември 1915 година.
Широк Сокак на разгледница во црно-бела техника со орнаменти од жолта боја, издадена од книжарницата “Основа” од Софија, на 21 ноември 1915 година. Фотографијата е од турскиот период.
Главната улица кон север. “Основа”, Софија 1915 година– рачно обоена.
Реката Драгор и Исак џамија. Разгледница издадена од книжарницата “Основа” од Софија, 1915 година.
Панорама на Битола направена од минарето на Хајдар Кади џамијата, во 1915 година. Во преден план е Дрвен Пазар (подоцна наречен Овчки Пазар) а подалеку Сунгур Чауш џамијата која денес не постои, Исак Јени џамијата и Саат кулата. Разгледницата е издадена и печатена во: Printing House- Boushinov
Панорама на Битола од 1915 година издадена од “Аполон” – Софија. Истата не е употребена.
Битола – турски квартал со дуќаните.
Еврејската чаршија, Битола
Широк Сокак околу 1915 година. Поглед на главната улица кон север.Фотографијата е направена од локација Бар-ресторан “Корзо”. Повеќето од куќите во преден план на оваа фотографија беа разрушени од бомбардирањето во 1916-1918 година.
Еврејската Маала
На Ленски Мост.
Дел од Битола на разгледница издадена под наслов „Светска војна 1914/16“
Пазар во Битола.
5 декември 1915 година. Дрвен Пазар на разгледница издадена од Kriegshilfe од Минхен.
Дрвен Пазар со поглед кон Пелистер, во 1915.
Цртеж од Битола на разгледница издадена од Felix Grosser од Дрезден Германија.
Битолскиот Пекмез Пазар, во 1915 година.
Дел 2
Дел од Битола со поглед на Пелистер.
Поглед од Саат кулата на Јени џамија со околните објекти и дел од Пекмез Пазар.
Главната улица гледана кон север на фоторазгледница од септември 1916 година испратена во градот Лом, Бугарија.
Главната улица пред хотелот „Босна” во 1916 година. Германски војници застанати и позираат на оваа фотографија. Во заднината се гледаат Јени и Исак џамија. Телефонските столбови на левата страна на оваа фотографија потврдуваат дека телефоните во градот беа во употреба. Старите куќи на десната страна од оваа фотографија беа срушени од бомбардирањето во 1917 година.
Улица во Еврејското Маало во Битола. На левата страна се гледа Исак џамија. Денес на оваа локација е Здравствениот дом.
Дел од Битола со поглед на Баба планина и Пелистер од 1916 година. Локација – Бела Чешма, во близина на раскрсницата од улиците Херцеговина и Благојче Сиљановски.
Дрвен Пазар на фото разгледница од 1916 година со поглед кон југозапад. Овој е еден од најчестите објекти на германските разгледници и фотографии. Сликан од сите агли обично во пазарен ден кога е полн со пазарџии од околните села со своите запрежни коли. Во заднината се гледа Баба планина и некои од џамиите.
Дрвен Пазар со поглед кон североисток -1916. На десната страна е Хајдар Кади џамијата со минарето кое беше срушено следната година за време на бомбардирањето.
Дел 3
Турски гробишта на северозападниот дел од Битола. Во далечината се гледаат: Саат кулата, Јени џамија, Исак џамија и Бесим Пашината џамија. Описот на истата, по грешка, стои Uskub (Скопје) ( Mazedonien)
Бесим Пашината џамија и зградата на денешната Противпожарна единица во Битола на разгледница од 1916 година издадена од Д.Крепиев од Софија.
Принцот August Wilhelm од Прусија во посета на Битола, во 1916 година. Негов татко беше германскиот император (Kaiser) Wilhelm II кој беше последен император на Германската Империја.
Панорама на Битола од Тумбе Кафе, во 1917 година.
Поглед на Битола од Јени џамија. Издавач Levy Fils & Cie, Paris.
Панорама на дел од Битола со Белата касарна и полигонот пред касарната.
Монастир (Битола) – заземен од Французите на 19 ноември 1916 година.
Панорама на Битола од Тумбе Кафе
Занаетчиското и уметничко училиште во 1917 година напуштено и без прозорци.
Поглед на касарните во 1917 година од Тумбе Кафе. Дел од покривот на Црвената касарна веќе не постои.
Поглед на главниот влез на Белата касарна 1917 г.
Поглед на дел од Битола, со Митрополијата во заднина, 1917 година.
Дел 4
Пазарен ден во Битола, 1917
Житен Пазар во пазарен ден. Разгледница издадена од Levy Fils & Cie, Paris, од фотографија од мај 1905 година.
Широк Сокак пред хотелот „Босна” гледано кон север.
Панорама од Битола, 1917
Панорама од Битола, 1917
Панорама од Битола, 1917
Офицерскиот дом во 1917 година.
Дел 5
Панорама од Битола, 1917
Македонска фамилија од околината на Битола.
Македонско велигденско оро.
Македонска фамилија и француски војник – Разгледницата е испратена во Франција Датум: околу 1917 година. Јас сум добар со здравјето колку што е можно, и не се секирам откако сум во новиот сектор, за нас е полесно од оној во Франција, само што е тешко со жештината; фаќа повеќе и повеќе, но биди сигурна земам нешто за здравјето и не осеќам температура. Ти прашуваш дали е како на Францускиот фронт. Биди сигурна дека не е толку страшно, но жалосно не е малку повесело. Се надевам сé е добро кај тетка ми. Треба да знаат како и јас дека кутриот наш Ремс беше поново во рацете на Германците. Чекаме да заврши ова што побрзо. Чекајќи подобар момент те поздравувам, исто и тетка ми. Твојот внук кој мисли на тебе, Морис.
Главната улица во 1917 година гледана кон север. На левата страна е хотелот „Босна”.
Плоштадот пред Противпожарната единица и Историскиот архив во 1917 година
Дел од Битола северно од Исак џамија.
Шарена Чешма.
Покрај реката Драгор. Десно е зградата на Воената управа. Описот на оваа зграда на сликата е “Стара касарна”. Денес на ова место е зградата на Општинскиот суд.
Пренос на ранети во седло. Во заднината се гледа најстарото дрво во градот наречено”Чинар”. Куќата во заднината на оваа слика сé уште постои со мали промени на прозорците.
Скршена џамија во Битола. Иако сликата е направена во 1917 година, самата џамија сé до 1976 година остана иста како на оваа слика. Изградена била на местото каде постоела црквата „Св.Никола”. На ова место денес е станбениот блок “Грозд”.
Конвој со муниција влегува во градот. Во заднината е населбата Бела Чешма а десно од конвојот се Турските гробишта.
Разгледница со наслов “Разговори пред порта” (издадена 1917), испратена во Франција на 01 август 1918 година, со краток поздрав: Добар ден и поздрав од исток од твојот роднина: Потпис: P.Badelot
Дел 6
Разгледница снимена покрај реката Драгор, издадена 1917
Разгледница со наслов „Закоп на жртва од бомбардирањето“, издадена 1917
Принцот Александар Караѓорѓевиќ и генералот Сарраил од Франција, во придружба на нивните команданти, пред зградата на денешниот ректорат во Битола, во ноември 1916 година.
Принцот Александар Караѓорѓевиќ и генералот Сарраил од Франција, влегуваат во Битола, во ноември 1916 година.
Панорама на градот од Саат кулата.
Панорама на Битола од Саат кулата во зима.
Влегувањето на француската воена комора во Битола од југ. На десната страна од оваа разгледница се гледа Офицерскиот дом кој по две војни (Балканската и Првата светска војна) остана недовршен.
Панорама на Битола од Саат кулата.
Улица во еврејскиот дел од градот. Денес на оваа локација е Здравствениот дом.
Улицата Мечкин Камен во Старата чаршија со поглед кон запад, во 1917 година. Во заднината е Исак џамија.
Џамија во Битола. Локацијата непозната.
Улицата “Крал Петар”, Саат кулата (така-наречена четвртаста кула во тоа време) и дел од Пекмез Пазар во 1917 година. Улицата “Крал Петар” почнувала од реката Драгор, поминувала покрај четвртастата кула, Хипотекарната банка, старата Стопанска банка подолу да влезе во денешната главна улица-Широк Сокак. Со рушењето на Пекмез Пазар главната улица го доби денешниот изглед, односно започнува од плоштадот „Магнолија”.
Дел 7
Широк Сокак гледан кон север со хотелот “Конституција” на разгледница од серијата Souvenir D’Orient 1914-1918, Monastir од францускиот издавач Auran од Marseille.
Широк Сокак гледан кон запад на разгледница од 1917 година. Како издавач стои името: Edit Leca. На левата страна е хотелот “Босна”, а на десната страна групата деца и обичните минувачи застанаа и позираат на оваа фотографија.
Широк Сокак преполн со минувачи и француски војници кои го разгледуваат градот наликува на динамичен град иако е во време на војна– во тоа време таканаречена “Големата војна”. Тука е автомобилот од тие години, војникот кој го шета своето куче и љубопитните војници кои гледаат во фотографот.
Реката Драгор со десната страна на булеварот на разгледница од 1917 година од непознат издавач, испратена во Франција на 4 јули 1918 година. Во заднината се гледаат Саат кулата и Јени џамија.
Авионска снимка на дел од Битола направена во 1917 година, а издадена од францускиот издавач Aurran од Marseille. Испратена во Франција, на 7 јули 1918 година, со краток поздрав: Добро здравје и бакнежи до сите, Jean
Панорама на градот кон Пелистер
Панорама на градот од Турските гробишта кон југозапад со Баба планина во заднината. На десната страна се гледа Хајдар Кади џамијата со минарето кое подоцна беше срушено од бомбардирањето.
Панорама на градот кон северозапад направена од Саат кулата
Исак џамија со дуќаните покрај реката Драгор и Смилевски Баир во заднината, на разгледница од 1917 година направена од Јени џамија.
Улична сцена во турска маала.
Влезот во Исак џамија.
Дел 8
Внатрешноста на Исак џамија. Разгледница испратена на 09 март 1918 година во Франција.
Реката Драгор со жени кои перат. Фотографијата е направена од Ленски Мост околу 1917 година.
Воденица на реката Драгор во населбата Довлеџик.
Мост на реката Драгор и Исак џамија во заднината на разгледница од 1917 година.
Перачки во реката Драгор. Во заднината се гледа Ленски Мост. Дуќаните на левата страна на оваа слика беа, исто така, разрушени. Сите мостови на реката Драгор во тоа време биле дрвени.
Главната улица—Широк Сокак во пролетта на 1917 година на разгледница од издавачот Clerot St.Raphael. Куќите на десната страна од улицата беа срушени од бомбардирањето во истата година. Разгледница испратена до: Monsieur Victor Jolly 87 Rue de la Pierre Levee Poitiers, France 22 дек.1917 Среќен Божик Ве прегрнувам сите, мама, дедо и малиот Виктор. Lion
Перачки во реката Драгор. Издавач Clerot St.Raphael од 1917 година. Ова е еден од честите мотиви на француските слики и разгледници од Првата светска војна.
Битола, емигранти бегаат од бомбардирањето. Сликана и издадена во јуни 1917 година кога бомбардирањето стануваше сé пожестоко во околината на Битола, многу бегалци бараа спас во градот како овие на сликата, но за кратко време истата судбина ќе ја доживее и самиот град.
Панорама на Битола од Смилевски Баир од 1917 година. Издавач Clerot St.Raphael. Во заднината е Баба планина со врвот Неолица. Од повисоките објекти на левата страна на сликата се гледаат Јени и Исак џамијата и Саат кулата во средината измеѓу нив. Истата не е употребена.
Панорама на Битола од Смилевски Баир од 1917 година. Издавач Clerot St.Raphael
Дел 9
Дел од Старата битолска чаршија. Во средината на сликата се гледа разурнат дуќан од бомбардирањето.
“Улица Крал Петар и поглед на Пелистер” е насловот на оваа разгледница од 1917 година. Печатена во: Photo D.A.Languet, 250 Faubourg, Saint-Martin Paris. На истата се гледа Камениот Мост на реката Курделес и улицата Солунска од двете страни на реката. Реката Курделес во 1975/76 година беше покриена, а со тоа улицата Солунска приспособена за сообраќај.
Широк Сокак познат во тоа време како улица Крал Петар на разгледница од 1917 година. Сликата е направена од пред стариот хотел “Македонија” гледано кон север. Испратена на 04 декември 1918 година до: Madmoaselle Suzanne De Fois Villa Caprice Canderan, France
Исак џамија со дуќаните покрај реката Драгор и мостот во близина на судската зграда во 1917 година. До регулирањето на коритото на реката Драгор во 1895/6 година овој мост беше единствениот камен мост.
Дел од Старата битолска чаршија со поглед кон Смилевски Баир во 1917 година
Дел од Охридска улица со поглед на Пелистер во 1917 година. Во преден план се гледаат последиците од бомбардирањето. Француските војници ги поправаат телефонските линии на столбот до разрушената куќа. Врвовите на Пелистер се под снежна покривка.
Зградата на денешната Гимназија во 1917 година на разгледница сликана од Охридска улица.
Улица во близина на реката Драгор. Во заднината се гледа врвот Пелистер. Во приземјето на овие куќи од двете страни на улицата се мали дуќани и фурна на левата страна. И на оваа слика видлив е телефонскиот столб и проводниците кои поминуваат од другата страна на улицата.
Реката Драгор во населбата Довлеџик, во зимата 1917/18 година Во заднината се гледаат разрушени куќи од бомбардирањето.
Панорама на Битола кон исток, 1917 година
Дел 10
Панорама на Битола, 1917 година.
Панорама на Битола од Турските гробишта кон југозапад во 1917 година.
Внатрешноста на црквата „Св.Димитрија” во Битола во 1917 година Издавач: H. Grimaud Cie Marseille, France
Панорама од Битола од Тумбе Кафе, во 1917 година, со поглед на Црвената и дел од Белата касарна.
Исак џамија гледана кон исток со дел од дуќаните покрај реката Драгор и кејот на реката Драгор. Разгледница испратена на 27 септември 1917 година
Поглед на црквата „Света Недела” во 1917 година. Во преден план е патот за Прилеп а железничката пруга сé уште не е изградена.
Црква „Света Недела” во 1917 година. Разгледница од серијата “Campagne D’Orient” 1914-18 издадена од: H. Grimaud et Cie Marseille, France
Поглед на општинската зграда и Исак џамијата со дуќаните покрај реката Драгор во 1918 година. На сликата општинската зграда е прикажана како поранешна бугарска касарна, а Исак џамија со име Света Софија.
Џамија во Битола. Интересно е што сите поголеми џамии Французите ги именуваат со име Света Софија како оваа на сликата.
Француски војници позираат на оваа разгледница на мостот на реката Драгор во 1918 година.
Дел 11
Почетокот на улицата Широк Сокак или како што тогаш го носеше името улица “Крал Петар”. Истата почнуваше од реката Драгор, покрај Саат кулата и дуќаните на горната слика и влегуваше во улицата која и денес е позната како Широк Сокак. Издадена од H.Grimaud et Cie, од Марсеј, а испратена во Франција, на 6 – ти март 1918 година.
Исак џамијата со дуќаните покрај реката Драгор во 1918 година, издадена од H.Grimaud et Cie, Марсеј.
Јени џамија со околните објекти на десната страна од неа, и дел од зграда во Пекмез Пазар на левата страна на разгледница од 1918 година
Исак џамија и дуќаните покрај реката Драгор гледана кон северозапад
Реката Драгор со Исак џамија и дел од зградите
Пекмез Пазар, лево, и почетокот на улицата на Воената управа во 1917 година. Широк Сокак во 1917 година. На местото на куќите од левата страна денес се наоѓа споменикот на Филип II Македонски
Широк Сокак, Битола, 1917
Турските касарни и Воената академија десно (денес Музеј Битола)
Почетокот на улицата Широк Сокак од југ. Десно е Офицерскиот дом кој не се гледа. 1917
Реката Драгор со Исак џамија, 1917
Дел од градот со ридовите кон север, 1917
Дел 12
Саат Кула Битола, 1917
Широк Сокак со хотелот “Босна”, на десната страна и старите куќи пред бомбардирањето.
Зградата на Воената управа покрај реката Драгор и Исак џамија во заднината.
Широк Сокак – „Крал Петар” во 1917 година. Лево е хотелот”Балкан”а десно, во средината на сликата, е Католичката црква. Издавач: Moulis, France На оваа разгледница јасно се гледа новиот изглед на улицата со гранитни големи коцки, поплочена по 1913 година, кои ја заменија старата турска калдрма. Во средината на седумдесеттите години овие гранитни коцки беа заменети со асфалт, за да подоцна целата главна улица да го добие денешниот изглед со гранитни плочи.
Група деца се капат во реката Драгор пред Противпожарната единица, во јули 1917 година. Во заднината се гледа Исак џамија.
Улицата „Димитар Влахов” со поглед на “Чинарот” во месец август 1917 година издадена од Moulis France. Група француски војници во преден план, и друга група зад нив во разгледување на градот.
Дводелна разгледница, од непознат француски издавач со наслов “Монастир “
Дводелна разгледница, од непознат француски издавач со наслов “Монастир “
Дводелна разгледница, од непознат француски издавач со наслов “Монастир “
Дводелна разгледница, од непознат француски издавач со наслов “Campagne D’Orient 1914-1918”
Дводелна разгледница, од непознат француски издавач со наслов “Campagne D’Orient 1914-1918”
Дводелна разгледница, од непознат француски издавач со наслов “Campagne D’Orient 1914-1918”
Дел 13
Панорама на градот кон североисток, и зградата на денешната Гимназија. Грешки на француските разгледници се многу чести, како оваа од Гимназијата која е наречена “Стар турски хотел.”
Група граѓани чекаат да им доделат брашно. Пред денешната Противпожарна единица и Историскиот архив е вториот дел од сликата на која стои: Местото на турската касарна. Самата касарна се наоѓала зад Економското училиште и општинската зграда.
Сликата број 35 е поглед на Камениот Мост на реката Курделес и улицата „Солунска” гледана кон запад. Слика број 36 е левата страна на реката Драгор измеѓу Ленски Мост и мостот кај Безистенот.
На сликата број 31 и 32 е главната улица-Широк Сокак гледан кон југ пред улицата „Солунска” , а на сликата број 32 гледан кон север пред плоштадот „Магнолија”. Широк Сокак, познат во тоа време како улица “Крал Петар”, по грешка е напишана “Принц Александар”.
Разгледница издадена по повод Божиќните празници и денот на вљубените, Битола 1917
Разгледница издадена по повод Божиќните празници и денот на вљубените, Битола 1917
Разгледница издадена по повод Божиќните празници и денот на вљубените, Битола 1917
Разгледница издадена по повод Божиќните празници и денот на вљубените, Битола 1917
Разгледница издадена по повод Божиќните празници и денот на вљубените, Битола 1917
Дел 14
Панорама на Битола кон запад направена од Саат кулата во 1917 година. Јени џамија и објектите од Пекмез Пазар се во преден план.
Панорама на Битола кон исток направена од Саат кулата во 1917 година, со поглед на Пелисер во заднината.
Широк Сокак, 1917
Влегувањето на француските војници во Битола на 19 ноември 1916 година.
Широк Сокак. Француски војници во разгледување на градот.
Улицата „Солунска” со реката Курделес и Камениот Мост. Француски војници на коњи по Широк Сокак, во 1917 година.
Една улица во Битола. Локацијата на истата не е позната.
Последици од бомбардирањето на Битола
Улица во центарот на Битола по бомбардирањето.
Улица на Широк Сокак по бомбардирањето.
Улица во центарот на Битола по бомбардирањето.
Дел 15
Улица во центарот на Битола по бомбардирањето.
Последици од бомбардирањето на Битола
Последици од бомбардирањето на Битола
Локација на германската артилерија кај селото Снегово од каде го бомбардираа градот.
Битола во урнатини во 1917 година на разгледница издадена од Cliche J.M од Франција.
Последици од бомбардирањето на Битола
Тоа се првите цивилни жртви во Првата светска војна кои беа задушени од отровниот гас употребен од Германците. Во периодот од 9 до 11 март 1917 година од отровен гас загинаа 550 жители, претежно жени и деца.
Панорама на Битола од Тумбе Кафе. Во преден план е Црвената касарна која овде е веќе разрушена од бомбардирањето. Малку подоцна настрада и Белата касарна од експлозија на муницијата која беше складирана во касарната.
Рушевини некаде во центарот на градот. По сите тие жестоки бомбардирања многу е тешко и да се препознае делот од градот на сликата. Во заднината на левата страна од центарот видливи се Исак и Јени џамија.
Битола. Остатоци од срушени и изгорени куќи по бомбардирањето.
Битола, 17 август 1917. Југозападниот агол на денешните улици Широк Сокак и „Димитар Илиевски-Мурато”. На ова место околу 1920 беше изграден ресторанот “Централ” а подоцна, околу 1975 година, на ова место ќе биде изграден хотелот “Епинал”.
Панорама на Битола од Јени џамија во 1917 год. Последици од бомбардирањето се видливи насекаде. Зградата на Работничкиот универзитет кон средината на сликата изгледа најмалку оштетена, но сите околни куќи од Рузвелтова улица и Широк Сокак се тотално уништени. Зградата на денешната пошта е, исто така, без покрив како и куќите во предниот план на оваа разгледница.
Панорама на западниот дел на градот од Саат кулата. Покрај куќите, во предниот дел на оваа слика, зградата на старата општина е потполно уништена, зградата на Гимназијата е без покрив и прозорци и многу други објекти во околината кои се помалку видливи на сликата.
Во ваква состојба Битола го дочека крајот на Првата светска војна. Рушевини, болести, недостиг на најосновните потреби за живот, сиромаштија, тоа беа карактеристиките за тој период од четири долги години. Огромен број кои го напуштија градот заради бомбардирањето, го чекаа крајот на војната да се вратат назад и да започнат нов живот во својот разрушен роден град.