„Триумфални“ војски во Битола на почетокот на 20 век – Битола некогаш и денес

По повод посетата на султанот Решад V на Битола во 1911 година, во градот беа уредени неколку објекти, меѓу кои и зградата во која денес е сместен ректоратот на универзитетот Св. Климент Охридски Битола. Веднаш до објектот била поставена триумфална капија (по повод посетата биле поставени вкупно 4), во служба на парадата која се одржала во чест на Султанот, кој ги поздравувал учесниците преку прозорот на својата резиденција.

Почекајте да се појави фотографијата и повлечете лево/десно

Истата Триумфална капија, две години покасно во 1913 година била искористена и од Српската војска.

Споредено со истата локација во 2017 г.