HomeИлинденски денови - фестивал на народни песни и игри

Илинденски денови – фестивал на народни песни и игри
И

Илинденски денови – Фестивал на народни песни и игри е традиционална културна манифестација која се одржува секоја година во Битола, кон крајот на месец јули и почетокот на август.

Целта на фестивалот е зачувување, негување и промоција на автентичниот фолклор преку истражување, вреднување и сценска презентација на изворните народни песни, ора, обичаи и традиционални изрази. Преку ова, фестивалот придонесува кон пренесување на богатото нематеријално културно наследство на идните генерации како трајна и непроценлива културна вредност.

Илинденски денови е еден од најзначајните и најдолговечни фестивали во Битола и пошироко, кој континуирано се организира од 1972 година. Досега на фестивалот учествувале над 1.000 фолклорни групи со повеќе од 50.000 изведувачи од целиот свет, што го прави вистински меѓународен центар на фолклорната уметност.


Ilinden Days - Festival of Folk songs and Dances in Bitola, Macedonia

Ilinden Days - Festival of Folk songs and Dances in Bitola, Macedonia

Don't miss