Од 14 ноември до 22 ноември 1908 година во Битола (тогаш Манастир) се одржа конференција која имала за цел стандардизирање на албанската азбука. Пред Конгресот во Битола, албанскиот јазик бил претставен како комбинација од шест или повеќе различни азбуки, со бројни под-варијанти. На конгресот учествувале околу педесет делегати од различни делови на Балканскиот полуостров,од кои триесет и двајца имале право на глас.
Денес 22 ноември се одбележува како државен празник во Албанија, Косово и Република Македонија, а во Битола објектот во кој се одржал конгресот е претворен во музеј.
Музејот на албанската азбука е отворен на 22 ноември 2012 година и во реконструкираниот ентериер се сместени фотографии, документи и восочни фигури преку кои се афирмираат преродбеничките, културолошките и напредните движења на албанскиот народ.