Планинарскиот дом Широка е сместен на надморска висина од 1950 метри под самиот врв Пелистер. Познат и како ловечка куќа, објектот беше единствено употребуван во летните периоди од страна на берачите на боровинки, кои го користеа како место за преспивање и складирање на собраните боровинки.
Од 2016 година е започнат процесот на реновирање на објектот од страна на ПСК “Димитар Илиевски Мурато” и Ски клубот Prelister FreeRide, со цел на обезбедување на пристојни услови за престој на посетителите.
Планинарскиот дом располага со кревети една соба, трпезарија и кујна. Затоплувањето е на дрва, а струја се обезбедува со помош на агрегат.
Планинарскиот дом е едно од омилените места за престој за време на викенди за рекреативците кои се движат по макадамскиот пат или пак како попатна станица за планинарите, велосипедистите и теренските возила кои се упатуваат до Антена и Големо Езеро.
За време на зимските месеци, вистинска атракција се FreeRide ски турите (повеќе информации ..).
Како до Планинарскиот дом Широка
До Планинарскиот дом Широка најлесно се стигнува по макадамскиот пат кој започнува од близина на Инфо центарот (на Лазо вилата), а води до Антена и Големо езеро. Патот е погоден за 4х4 теренски возила, а е идеален за планински велосипед и по поминати околу 9 км се стигнува до Планинарскиот дом.
Планинарскиот дом работи единствено со претходна најава.