Изборите во Битола во периодот помеѓу 1919-1941 година

  • Извадок од публикацијата „Битола – дејството на основните фактори врз општествено-економскиот развиток“ – докторска дисертација од авторот Трајче Грујоски, стр 102-103, Битола 1971 г
  • Насловна фотографија – Весник Политика 09.11.1931 г

Изборите во Битола никогаш не беа одраз на вистинското политичко расположение на населението. Освен првите избори непосредно по Првата светска војна, сите останати беа изведувани во услови на диктатура и директен груб притисок од полициските власти.

Во првите избори на народни пратеници за Уставотворната скупштина на Кралството на СХС што се одржаа на 28 ноември 1920 година битолското подрачје (го сочинуваа две административни околии: битолска и мориховска) претставуваше еден изборен округ. Според званични статистички извештаи за овие избори значајно за нашето подрачје е следното:

Гласањето било тајно, со куглици и во Битолскиот округ биле избрани следните пратеници: Коста Стојановиќ, министер на финансиите, од Белград, Димитрије Чичевиќ, претседател на општината Прилеп, Јован Кирковиќ, пензионер — Битола, Ратко Жуниќ, учител — Битола, Драгутин Буквиќ, секретар на сојузот на работниците за животни намирници — Белград, Кенан Зија, рентиер — Битола, д-р Коста Кумануди, професор на Универзитетот — Белград и Танасије Илиќ, судски писар — Прилеп. Паѓа в очи дека листата на Комунистичката партија добила најголем број гласови, што било последица на напред опишаните услови. Покрај тоа, скоро сите избрани пратеници се лица што не биле од Битола.

Во наредните избори што беа извршени на 8 февруари 1925 година постигнато е следното: запишани бирачи во Битолска околија 16.247 а во окол. Морихово 3.499, се јавиле на гласање 9.317 (Битолска) 2.221 (Морихово).

Гласањето било тајно — со куглици и гласовите се поделени како следува:

Во Битолскиот округ биле избрани: носителот на Радикалната листа — Јован Ќировиќ и носителот на Демократската листа — д-р Коста Кумануди.

Избори за народни пратеници се вршени и на 11 ноември 1927 година при што се регистрирани овие резултати:

запишано бирачи во Битолска околија 17.658 а во окол. Морихово 3.710 гласале 9.990 и 2.565.

При ова, гласањето било тајно со куглици и гласовите биле поделени:

Во Битолскиот округ биле избрани носитслот на Демократската листа д-р Коста Кумануди и носителот на Радикалната листа Свет. Милосавлевиќ.

Во изборите за Првата југословенска народна скупштина извршени на 8 ноември 1931 г. за одбележување е следното: Постоела една кандидатска земска листа на Петар Живковиќ, претседател на Министерскиот совет и министер за внатрешни работи, гласањето било тајно — со куглици и постигнати се овие резултати:
запишани бирачи во Битолска околија 13.199 а во окол. Морихово 8.928 гласале 7.679 и 6.219.

Добиле гласови:

Никола Марковиќ, во Битолска окол. 4.953 во Мориховска окол. 3.882 Јован Алтипармак 2.726 и 2.337.

Очигледно е дека теророт по „Обзнаната” имал одраз како во смалувањето бројот на запишани бирачи, така и во бројот на тие што излегле на гласање.
Во изборите од 5 мај 1935 год. поради повторното раздвижување на народните маси ширум земјата, а посебно на македонскиот народ во Битола се постигнати неочекувани резултати, што се гледа од следното:

запишани бирачи во Битолска околија 20.461 а во Мориховска окол. 4.594 гласале 11.310 и 3.223.

За Земската кандидатска листа на Богољуб Јевтиќ:
во Битолска околија:
1. Војислав Протиќ 1.303
2. Никола Марковиќ 1.231
3. Петар Косовиќ 4.171

во Мориховска околија:
1. Никола Марковиќ 764
2. Светозар Тасиќ 2.122

За Земската кандидатска листа на Владимир Мачек:
во Битолска околија:
1. Петар Велјанов 4.592

во Мориховска околија:
1. Војислав Дамјанозиќ 336

За Земската кандидатска листа на Димитрије Љотиќ:
во Битолска околија:
1. Инг Јосиф Скоберне 9

во Мориховска околија:
1. Цветко Петровиќ

За Земската кандидатска листа на Божидар Максимовиќ:
во Битолска околија:
1. Живојин Кнез-Милојковиќ 4

во Мориховска околија:
1. Живојин Кнез-Милојковиќ 1

Гласањето било тајно — со куглици. Избрани биле кандидатите на листата на Богољуб Јевтиќ во Битолска околија — Петар Косовиќ, директор на гимназијата од Трново (заменик Тале Марковиќ, земјоделец. бивш претседател на општината од с. Логоварди) и во МорихоЕска околија Светозар Тасиќ, пензионер и бански советник (заменик Мирче Поповиќ, земјоделец, претседател на општината во с. Добрушево).
Резултатите од овие избори покажаа дека и во подрачјето на Битола демократското движење на народните маси започнува да се разбранува.

Последните избори за народни пратеници во бивша Југославија беа одржани на 11 декември 1938 година. Во цела земја тогаш гласале 74,48% од бирачите и гласањето беше јавно. Постоеја три земски кандидатски листи. Во Битолска околија беше избран Јован Алтипармак, адвокат од Битола а во Мориховска околија, — Светозар Тасиќ, пензионер од Битола. Организацијата на КПЈ Битола, изврши консултации во редовите на интелигенцијата и посебно кај младината (СКОЈ) и пак се ориентира кон поддршка на кандидатот на здружената опозиција — Петар Велјанов. Во ова посебно беа активни учениците во Гимназијата и Трговската академија. Меѓутоа, и во овие избори, со разни махинации и застрашувања што ги изврши власта, битолскиот кандидат на опозицијата, не успеа да стане народен пратеник.

Од овој преглед на резултатите во сите пратенички избори во подрачјето на Битола за времето на бивша Југославија, може да се извлечат следните констатации: а) видливо е силно разбранетото демократско настроение на населеиието, непосредно по завршетокот на војните, кое потем ударите на диктатурата опаѓа, за да во изборите по 1935 г. пак почне да се афирмира; б) заради непостоењето на организационо зацврстена и идејно единствена организација на КПЈ способна за самостојно делување, народните маси беа оставени спонтано и стихијно да реагираат; в) буржоаските политички партии во изборите беа многу бучни, преку посебни ветувања и пропагандни напрегнувања, помогнати од власта успеваа да приберат одреден број гласови; г) голем дел од населението беше пасивен во изборите; д) кандидатите за пратеници односно избраните пратеници секогаш беа или потполно експонирани луѓе на режимот, или млаки негови опозиционери што во суштина не се разликуваа од првите; исклучок од нив чинат кандидатите на Комунистичката партија, но и тие поради општите слабости на движењето, во Битола, не можеа да внесат радикални и на научниот социјализам основани погледи и акции; ѓ) од сите 26 лица што биле кандидирани во сите избори само 5 биле од Битола а другите 21 биле од Белград или други места што и на овој план ја манифестираше денационализаторската политика на големосрпската буржоазија во битолскиот крај.