За време на Илинденското востание, жителите на село Цапари активно се вклучиле во вооружените борби против турските власти. Заедно со селата Ѓавато и Смилево тука било јадрото на востанието во битолско.
Село Цапари во востанието изгубило 96 востаници, чии што имиња се испишани на споменикот кој денес е сместен во центарот на селото. На споменико исто така се испишани и имињата на 16 борци кои ги дале своите животи за време на НОВ.