Само 7 километри од центарот на Битола, на падините на Баба Планина, се наоѓа живописното село Дихово – место каде што планината, реката и традицијата создаваат идеална атмосфера за одмор, релаксација и активен престој во природа.
Содржина
- Природа, традиција и авантура
- Дихово – почетна точка за планинарење и велосипедизам
- Историја и духовно наследство
- Апитуризам – Пчеларник БН
- Сместување
- Како до Дихово
- Фото галерија

Низ селото минува реката Драгор, чиј брег во текот на летото е омилено место за разладување и бегство од градската жештина на локалните жители и посетителите од Битола. Особено е интересна месноста викана Капејнци, односно мал водопад со длабок вир и познато излетничко место, често посетувано од многу капачи во летниот период.

Природниот амбиент, чистиот пелистерски воздух и близината на Битола и Националниот парк Пелистер го прават Дихово одлична база за неколкудневен престој и истражување на регионот.

Природа, традиција и авантура
Дихово е идеална дестинација за посетители кои сакаат да го комбинираат одморот во рурална средина со активности на отворено. Од селото започнуваат и минуваат повеќе локални правци кон падините на Баба Планина, кои се погодни за пешачење, планинарење и велосипедизам.

Во непосредна близина се наоѓа Националниот парк Пелистер, едно од највредните природни подрачја во Македонија. Посетителите можат да продолжат кон планинските предели на Пелистер и да уживаат во густи букови и борови шуми, планински пејзажи, чист воздух и бројни патеки со различна должина и тежина.
За љубителите на планинарењето, регионот нуди можности за кратки рекреативни прошетки, подолги планинарски тури и искачувања кон повисоките делови на Баба Планина. Една од најпознатите природни атракции на Пелистер се Пелистерските Очи – Големото и Малото Езеро, до кои водат планинарски патеки низ карактеристичниот планински пејзаж.
Повеќе за: Национален парк Пелистер – места за посета и активности
Дихово – почетна точка за планинарење и велосипедизам
Близината на планината и разновидниот терен го прават Дихово интересна почетна точка за планинарење и велосипедизам. Патиштата и шумските и планински правци во околината нудат можности за рекреативно возење на велосипед и истражување на руралниот предел околу Битола и Пелистер.

Посебно привлечни се маршрутите кои ги поврзуваат Дихово, околните пелистерски села и планинските предели, овозможувајќи им на велосипедистите да ја почувствуваат природата и традиционалниот рурален амбиент на регионот.
За посетителите кои сакаат активен одмор, Дихово може да биде совршена база: наутро велосипед или планинарење, попладне одмор покрај Драгор, а навечер уживање во локалната храна и гостопримството.
Историја и духовно наследство
Покрај природните убавини, Дихово го краси и вредно културно и духовно наследство. Во селото се наоѓаат црквата „Св. Димитриј“ од 1830 година и црквата „Света Недела“, кои сведочат за долгата историја и традицијата на ова пелистерско село.

Прошетката низ селото е можност да се почувствува автентичниот дух на битолскиот рурален простор, далеку од динамиката на градот.
Апитуризам – Пчеларник БН – вкусот на пелистерската природа
При посетата на Дихово, не пропуштајте го Пчеларникот БН, каде што природата и традицијата се претвораат во автентично гастрономско искуство.

Пчеларникот нуди еколошки чиста и здрава храна, која посетителите можат да ја дегустираат во традиционален амбиент. Покрај производството на мед и пчелни производи, особено интересни се презентациите на пчеларите Благој и Нацо Јовчевски, преку кои посетителите можат поблиску да се запознаат со традиционалното пчеларство и животот поврзан со пчелите.
Повеќе информации – Facebook страна…
Сместување
Само 7 километри од центарот на Битола, Дихово нуди можност за престој во пријатна и мирна средина, далеку од градската бучава, но доволно блиску за лесно да ги посетите градските знаменитости.
Препорачуваме:
Вила БН


Вила Дихово


Како до Дихово
Дихово е на само 3 км од Битола, односно 7 км од центарот на градот (Google Maps). До селото води асфалтен пат.
До селото нема јавен превоз, а такси компаниите наплаќаат околу 3-6 евра до Дихово, во зависност од Вашата почетна точка во Битола.
Доколку сте сместени во Дихово и сакате да ја истражувате околината а немате сопствен превоз, изнајмувањето на возило е една од подобрите опции.






















































