Приказната за Мустафа Кемал (Ататурк) и Елени Каринте или „Балканските Ромео и Јулија“ како што ги нарекуваат некои, е една од најпознатите приказни кои се прераскажуваат во Битола. Се верува дека за прв пат оваа приказна е објавена од Димитар Димитровски – Такец во книгата „Манаќи и Битола“ издадена во 1975 година.
Со резерва кон изнесените историските податоци, приказната ја пренесуваме во целост.
Извадок од книгата: „Манаќи и Битола“ автор. Димитар Димитровски – Такец, Битола 1975 година
Ататурк и Каринте
Сосема случајно, седејќи едно летно попладне во бавчата на „Трудбеник“, во 1958 година, додека Милтон го сркаше своето „тенко“ кафе со захарин, ме запраша:
— Ја гледаш ли онаа куќа на аголот, наспроти „Централ”?
Дали знаеш што се има случено во таа куќа?
Тој, газдата Ефтим Каринте, покрај семејството Данабаш, Икономо и други, беше меѓу најбогатите битолчани во почетолот на овој век. Колку беше богат, имаше уште поубава ќерка. Пријател им беше мислам еден голем Турчин. Мислам со работи за Кемал Ататурк. Знаеш, големиот човек на Турција. Јас него го видов уште во касарната. Сеуште не бевме дојдени во Битола, поправо, номавме отворено дуќан. Тогаш само ги фотографирав матурантите на војната академија. Меѓу нив беше и Кемал Ататурк. Го забележав кога ги примаа дипломите. Него го прочитаа втор и тој се побуни зошто не е прв во својата класа, како најдобар академец.
Милтон ми говореше уште за тој случај, очигледно беше расположен. Имав стрпливост и го пуштив да зборува. Потоа му кажав дека за тој настан и се што ме поврзано за личноста на Кемал Ататурк од неговиот рестој во Битола доста знам. Се договоривме да ја пронајде „плочата од 1900 година”, меѓутоа, иако потоа од него добив многу фотографии, не успеав да ја имам и Кемаловата. Милтон се оправдуваше дека заборава и дека требало да ја бара една недела.
,,Две немирни црни очи, ми расправаше Ирина Киријас со младешка растрепереност ја следеа летната парада на питомците од воената школа на Третата армија, што бавно, лелеејќи се, течеше по Широк Сокак. На балконот од куќата на богатиот трговец со јажиња и восок, Ефтим Каринте, кој посредуваше помеѓу Виена и Каиро, имаше и друг свет, главно роднини на семејството меѓу кои и јас. Најубавата меѓу сите, тој ден на балконот, беше 18-годишната сопственичка на тие немирни и прекрасни очи, помалата ќерка на трговецот, Елени Каринте”.
..Наеднаш, погледот на Елени се запре на мошне сериозниот воен питомец, во вториот ред од другата страна на улицата. Неговото движење, како да го откриваше дека е отсутен од целата церемонија. Веројатно, неговата става се движеше механични, како кај луѓето, кои се внатрешно презафатени. За миг, тоа се случи за миг, неговиот челичен поглед прелета преку балконот, се запре на лицето на девојката и како неприметно да омекна. Сега, случајноста и младешката љубопитност добија свој тек.
Кога им се вкрстија погледите, сивите очи на турскиот питомец некако блеснаа и ја збунија Елени. Неа и се пристори дена тие грабачки очи веднаш станаа нешто подруго, како да добија рефлекси на длабоки морски синила. Како да се почувствува во неговиот поглед среќа дека алахот му испрати нешто на што не се надеваше. Навистина среќата му се насмевнува од овој раскошен балкон. А Елени, малку здрвена, прошепоти:
„Мој драги боже, тој е Турчин”?
Што правам јас?
Парадата беше и помина. Питомецот Кемал со своите дваесетина години заборавил на девојката од балконот, на една од најубавите згради во центарот на Широк Сокак. Си го приготвил куферот и заминал на летно отсуство кај мајка си Зулејка во Солун. Но, Елени Каринте не го заборавила. Таа вешто се распрашала за него и научила дека тој ќе се врати во Битола, во клупите на последната година на Воената академија.
„Таа постојано мислеше на него. Таа сакаше одново да се сретнат. Од таквата помисла ја обземаше и радост и страв”, додаваше И. Киријас.
КОЈ БЕШЕ МУСТАФА КЕМАЛ
Тој, питомецот Мустафа Кемал, дошол во Битола на 17-годишна возраст, со диплома на завршено Кадетско училиште во Солун. Уште на почетниот чекор во Битолската воена академија му предвидувале блескава кариера. Роден бил 1881 година во семејството на незабележителниот чиновник во солунското пристаниште, Али Риза. Мајка му Зулејка рано останала вдовица и имала тешки грижи како да го обезбеди школувањето на немирниот и бунтовно расположен Мустафа.
Во Битолската воена школа Мустафа Кемал бил усамен. Постојано нешто читал, и во своите младешнк визии ја осмислувал Империјата преуредена. Си допуштил пријателство само со својот постар другар Фети. Токму од Битола датираат неговите познати цртежи на војски, едни спроти други, на чие чело и самиот подоцна се ставува против султанот. Францускиот јазик го владеел одлично, така што не му било тешно да се напојува со револуционерна литература на изворот. Пишувал и бунтовни песни, посветени на човечката и општествената слобода. Бил на страната на Македонците и го оправдувал Македонското движење за слобода. Неговите професори забележија:
„Мустафа Кемал е блескав ум и нескротливо момче, со кое човек не може да се зближи”.
БЕКСТВО СО ЕЛЕНИ
Штом се вратил од Солун, во 1900-тата, Мустафа како да чувствуваше дека ќе ја сретне девојката од балконот. Дошол кај својот подалечен роднина во полициската станица „Уч-катли” од другата страна на улицата, наспроти куќата на трговецот Каринте. Мошне пријатно се изненадил кога на прозорецот ја здогледал „својата” девојка. Притоа Кемал увидел дека не е рамнодушен кон таа убавица. Нешто во него, како секогаш, се бунело „зарем морам да сум вљубен”.
По извесно време Мустафа со посредството на роднината влегол во куќата на својата симпатија. Првиот впечаток на мајката на девојката за Мустафа бил извонреден. Тие разговарале на француски јазин и тој ги пленил обете. Тоа било пресудно, за да се развие меѓусебна љубов. Веќе Елени не гледала во него Турчин, туку европски воспитан млад човек, чија става и импонирала.
„Љубовта им траеше кратко, но беше толку силна што оправдано се смета, оставила траги кај Кемал. Една вечер Елени избега по Кемал. Се засолнаа во една нуќа на негов пријател во градот. Меѓутоа, нивната заедничка среќа траеше само еден ден.
Домашните ја вратија и по извесно време ја омажија за еден свој калфа со мираз од 900 наполеони.”
Мустафа Кемал во Битола одново дошол дури во 1910 година за началник на штабот на Третата армија. Престојувал кратко, оти по маневрите во француската Пакардија, каде бил член на турската делегација, заминал на нова должност, како управник на Кадетското училиште во Солун. За ова се сеќаваше и Милтон.
„Го видов Кемал Ататурк една вечер доста расположен со група турски офицери во летната бавча на кафеаната нај трендафилите. Тие порачаа и мелодија од виолинскиот оркестар што го сочинуваа десет девојки од Чехословачка кои на пат за Каиро, во Битола музицираа секоја вечер, речиси, еден месец”.
Прочитајте повеќе: