Ознака Меморијални објекти

Битола е град со длабока историска слоевитост и силна култура на сеќавање. Низ неговите улици, маала и околината се наоѓаат бројни меморијални објекти – воени гробишта, споменици, бисти, меморијални куќи и обележја посветени на настани и личности од различни историски периоди. Овие места не се само тивки сведоци на минатото, туку и простори на почит, паметење и поука за идните генерации.

Споменик на пионер – Курир

Споменик на пионер – Курир

Споменикот на пионер – Курир се наоѓа на улица Рузвелтова бр 20, пред зградата во која некогаш беше сместен „Пионерскиот дом“. Споменикот е посветен на најмладите учесници на Народноослоботителната војна, за време на Втората светска војна. Сојузот на пионери на…

Споменик на паднатите борци од илинденскиот период и НОВ во с. Цапари

Споменик на паднатите борци од илинденскиот период и НОВ во с. Цапари

За време на Илинденското востание, жителите на село Цапари активно се вклучиле во вооружените борби против турските власти. Заедно со селата Ѓавато и Смилево тука било јадрото на востанието во битолско.

Руски крст во спомен на Александар Аркадиевич Ростковски

Russian cross - Bitola, Macedonia

Александар Аркадиевич Ростковски (18.10.1860, Одеса – 08.08.1903, Битола) бил руски конзул во Битола од 1895 до 1903 год. Неговото име често може да се сретне во македонската историографија, како заштитник на обесправеното македонско население. Бил близок пријател со Крсте Петков…

Споменик на политичките затвореници во Битола за време на Втората светска војна

Monument Crn Most - Bitola, Macedonia

Споменикот на жртвите и теророт над бившите политички затвореници во Битолските затвори е сместен во близина на Црн Мост и реката Драгор. На местото на уредениот парк за време на Втората светска војна се наоѓал Обласниот централен затвор. Затворот бил…

Спомен музеј на Гоце Делчев

Goce Delchev Memorial museum

Спомен музејот посветен на великанот на Македонското ослободително движење се наоѓа на ул. „Стевче Патако“ бр.11 Битола. Отворањето на овој музеј е иницирано по повод престојот на Гоце Делчев во Битола во 1901 година во овој објект. Главната негова цел…

Српски воени гробишта

Serbian Military Cemetery in Bitola

Во Српските воени гробишта во Битола собрани се посмртни останки на голем број војници загинати во борбите за освојување на Битола. На ова боиште загинале 3200 српски војници и офицери. Покрај нив во овие гробишта се погребани и дел од…

Германски воени гробишта

German Military Cemetery in Bitola - Macedonia

За време на Првата светска војна, на подрачјето на Македонскиот фронт, германската војска имала околу 30.000 војници и офицери, дел од кои загинале и биле погребани на разни локации. По војната германската држава покажала интерес за собирање на остатоците од…

Француски воени гробишта

French Military Cemetery - WW1 - Bitola

Француските воени гробишта во Битола (Bitola Cimetière Militaire Français) се подигнати од страна на Франција во спомен на паднатите француски војници на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна во Битола и околината. Француските воени гробишта во Битола се…

Бугарски воени гробишта од Првата светска војна со село Цапари, Општина Битола

Во дворот на црквата Св. Ѓорѓи во центарот на село Цапари и во западниот дел на селото може да се сретнат воени гробишта на околу 300 војници загинати во борбите околу Црвена Стена на Пелистер. Гробишта в западниот дел на…

Еврејски гробишта Битола

Jewish Cemetery in Bitola, Macedonia

Еврејските гробишта во Битола се наоѓаат на влезот во Битола наспроти црквата „Св. Недела“. Порталот на гробиштата и оградниот ѕид се изградени во 1929 година, со што на некој начин се заштитиле гробовите кои се наоѓаат на ова место. На…