Споменикот на жртвите и теророт над бившите политички затвореници во Битолските затвори е сместен во близина на Црн Мост и реката Драгор. На местото на уредениот парк за време на Втората светска војна се наоѓал Обласниот централен затвор.
Затворот бил отворен во јули 1942 година и во него биле затворани политички затвореници од југозападна Македонија.
Од 250 затвореници, педесет биле осудени на смрт со бесење, 20 на доживотна затворска казна, а останатите со строг затвор до 20 години.
На 6 септември 1942 година, дел од затворениците успеале да побегнат, по што се упатиле во разлчни правци приклучувајќи се кон партизанското движење.