Битола – стари разгледници

Патот-авенијата што води кон железничката станица на разгледница од 1908 година.

Првото пристигање на возот од Солун за Битола, во 1894 година. Разгледницата е испратена на 3 март 1895 година во Брисел, Белгија, до: Monsieur, M. SehoepenProcureur118 rue KeyenveldBruxelles, BelgiqueБлагодарам и поздрави. Solomon H.PerezЖелезничката станица е изградена во 1894 година како и пругата од Битола до Солун. Работите почнале во 1891 година а во 1894 година свечено е предадена во употреба. Железничката врска од Солун до Битола стана важен фактор за развитокот на градот и регионот, исто така. Преносот на стоки од пристаништето во Солун до внатрешноста на европскиот дел од Отоманската Империја се забрза, жителите се запознаа со европските стоки, а и стоки произведени од домашните земјоделци и сточари можеа да се продаваат во другите региони. Исто и армијата имаше голема корист од оваа врска за брзо пренесување на трупите, воен материјал и оружје.

Гимназијата и реката Драгор на разгледница од 1910 година.

Белата касарна во 1910 година. На сликата бр.98 прикажана е Белата касарна, Црвената касарна во заднината, како и панорама на градот во пролет од Тумбе Кафе. На источната страна од Белата касарна е полигонот за вежби на турската армија. Патот покрај касарните, кој води кон Тумбе Кафе, денес е Градското шеталиште.

 Градината Nouschetie во Битола Градината Nouschetie, или како по 1908 година ја прекрстија во градина или парк на слободата, се наоѓала на левата страна на Железничката улица, одејќи кон југ, наспроти Белата касарна. Во неа се наоѓал киоск (како на сликата 101) во кој се собирале офицерите во попладневните часови и во слободното време. Истиот го користеле и за прослави како што било прогласувањето на новиот устав за време на Младотурската револуција.

Општинската управна зграда-хукумат во 1908 година. Денес на тоа место се зградата на Судот и зградата на Општина Битола.

Широк Сокак кон север или Авенија на слободата во 1908 година.

Довлеџик со поглед на реката Драгор кон исток, на разгледница од истата 1908 година. Разгледницата е испратена за време на Балканските војни до: Господин, Божидар Спасиќ Гимназијалац V год. Београд 15 Ратарска 15 Битољ 14-XI-1912 Драги Батане, Да си само овде па да видиш гун­гулу и вреву. Војске исувише. Јуче је долазио и грчки престолонаследник. Грци би хтели Битољ, али им нече упалити. Како ли на твојој служби? Је си ли се уморио. Ја незнам колико чу овде остати? Тебе и остале наше много поздравља и воли Ујка Бошко.

Манифестации во градот од разните националности и турска војска. Покрај турските симболи, (полумесечина и ѕвезда) со кирилични букви на знамето стои зборот Конституција”. Младотурската револуција не остана незабележана во разгледниците на Аттар Фаик. Користејќи ги фотографиите на Милтон Манаки, тој издаде една мала серија од настаните во 1908 година сврзани со Младотурската револуција. На истите се прикажани четите кои влегоа во градот со развеани знамиња и плакати на кои се поддржуваа револуцијата и промените на уставот, одредени водачи кои ја започнаа револуцијата како Нијази Бег од Ресен, манифестации во градот итн.

Манифестации во Битола на турската војска од Смирна со воениот оркестар. Младотурската револуција не остана незабележана во разгледниците на Аттар Фаик. Користејќи ги фотографиите на Милтон Манаки, тој издаде една мала серија од настаните во 1908 година сврзани со Младотурската револуција. На истите се прикажани четите кои влегоа во градот со развеани знамиња и плакати на кои се поддржуваа револуцијата и промените на уставот, одредени водачи кои ја започнаа револуцијата како Нијази Бег од Ресен, манифестации во градот итн.