Панорамска разгледница од Битола со поглед од Смилевски Баир, во 1908 година.
Панорамска разгледница од Битола со поглед од Смилевски Баир, во 1908 година.
Главната улица-Хамидие во почетокот на 20 век. На десната страна се гледа хотелот „Ориент”.
Хајдар Кади џамијата со околните куќи и ридовите на северниот дел од градот на разгледница од 1910 година.
Дел од улицата Београдска со Рускиот конзулат и јарболот со крст од конзулатот. Почеток на 20 век.
Дел од градот со поглед кон Пелистер. Почеток на 20 век.
Реката Драгор со поглед на Пелистер и зградата на денешното Музичко училиште. Почеток на 20 век.
Народната болница изградена во 1895 година кога градоначалник на Битола бил Абдул Керим Паша. Разгледница издадена околу 1908/10 год.
Народната болница изградена во 1895 година кога градоначалник на Битола бил Абдул Керим Паша. Гледана од ридот над неа. Разгледница издадена околу 1908/10 год.
Млинот за жито на Исмаил Паша. Разгледница издадена околу 1910 год.