Дводелна разгледница од 1909/10 година со Нијази Бег, и улицата покрај реката Драгор со куќата на гувернерот (денес Ректоратот) и школото за државни службеници (денес Гимназијата). Во чест на Нијази Бег и булеварот покрај реката Драгор го промени името во улица “Нијази Бег.” Истата улица го промени името неколку пати до 1912 година.
Патот кон Уметничкото и занаетчиско училиште на разгледница издадена околу 1910 година. На десната страна се гледа дел од Тумбе Кафе, кое во тоа време, во чест на градоначалникот, го доби името Парк на Абдул Керим паша. Исто така се гледа и дел од самата зграда. Денешниот поглед од истото место, освен вегетацијата, не е многу изменето.
Полигонот на Третата турска армија, за вежби на војската. На истата се гледаат гледачи на три бините, пред смотра на војската. Во заднината е Железничката улица и паркот “Nuzhetiye” зад оградата, кој беше наречен Парк на слободата по 1908 година. Во средината на сликата се гледа и киоскот помеѓу дрвјата.
Султанот Мехмед Решат V пред Исак џамија при неговата посета на Битола, на 23 јуни 1911 година. Во негова придружба се високи функционери од градот и армијата, и министри и функционери од Истанбул. Една од најзначајните серии на разгледници на Moustafa Fevzi е направена при доаѓањето на султанот Мехмет Решат V во Битола во 1911 година. И други султани го посетиле нашиот град, но сето тоа остана запишано и заборавено во турските документи. Овој е прв султан кој ќе биде фотографски овековечен во историјата на нашиот град. Многу од фотографиите се направени од Милтон Манаки. Разгледниците, со печат на кој стои ѕвезда и полумесечина и на кој пишува “Долг живот на уставноста”, се директно сврзани со посетата на султанот и неговите великодостојници, и е со прелив на сина боја. Мехмет Решад V е осми султан кој ја посетил Битола. Неговата посета доаѓа по 233 години после посетата на султанот Мехмед IV во 1678 година. Прв султан кој ја посетил Битола бил Мурад I, во 1384 година.
Султанот Мехмед Решат V со високи функционери пред неговата резиденција при престојот во Битола. Една од најзначајните серии на разгледници на Moustafa Fevzi е направена при доаѓањето на султанот Мехмет Решат V во Битола во 1911 година. И други султани го посетиле нашиот град, но сето тоа остана запишано и заборавено во турските документи. Овој е прв султан кој ќе биде фотографски овековечен во историјата на нашиот град. Многу од фотографиите се направени од Милтон Манаки. Разгледниците, со печат на кој стои ѕвезда и полумесечина и на кој пишува “Долг живот на уставноста”, се директно сврзани со посетата на султанот и неговите великодостојници, и е со прелив на сина боја. Мехмет Решад V е осми султан кој ја посетил Битола. Неговата посета доаѓа по 233 години после посетата на султанот Мехмед IV во 1678 година. Прв султан кој ја посетил Битола бил Мурад I, во 1384 година.
Триумфалната капија на Султанот Мехмед Решат V, подигната во негова чест до општинската зграда, која беше негова разиденција за време на престојот. Капијата остана сé до 1913 година а можеби и подоцна. Една од најзначајните серии на разгледници на Moustafa Fevzi е направена при доаѓањето на султанот Мехмет Решат V во Битола во 1911 година. И други султани го посетиле нашиот град, но сето тоа остана запишано и заборавено во турските документи. Овој е прв султан кој ќе биде фотографски овековечен во историјата на нашиот град. Многу од фотографиите се направени од Милтон Манаки. Разгледниците, со печат на кој стои ѕвезда и полумесечина и на кој пишува “Долг живот на уставноста”, се директно сврзани со посетата на султанот и неговите великодостојници, и е со прелив на сина боја. Мехмет Решад V е осми султан кој ја посетил Битола. Неговата посета доаѓа по 233 години после посетата на султанот Мехмед IV во 1678 година. Прв султан кој ја посетил Битола бил Мурад I, во 1384 година.
Втората капија во чест на султанот Решад пред зградата на “хуќуматот” во 1911 година. Постоеше и трета капија на влезот во Битола од Ресен и една (четврта) пред железничката станица при пречекот на султанот.
Султанот Мехмед Решат V, високи функционери од Битола и Истанбул во градината “Домеке”; Принцот Ziyauddin и Omer Hilmi седат напред а султанот со делегацијата поназад на сликата. „Една од најзначајните серии на разгледници на Moustafa Fevzi е направена при доаѓањето на султанот Мехмет Решат V во Битола во 1911 година. И други султани го посетиле нашиот град, но сето тоа остана запишано и заборавено во турските документи. Овој е прв султан кој ќе биде фотографски овековечен во историјата на нашиот град. Многу од фотографиите се направени од Милтон Манаки. Разгледниците, со печат на кој стои ѕвезда и полумесечина и на кој пишува “Долг живот на уставноста”, се директно сврзани со посетата на султанот и неговите великодостојници, и е со прелив на сина боја.“
Приемната соба кај султанот Мехмед Решат V во неговата резиденција (денешен Ректорат) при неговата посета на Битола,од 20 до 24 јуни 1911 година
Паркот “Итиат” во зима. Битола 1911 г
Реката Драгор кон Пелистер, во јуни 1911 година. Од двете страни на реката Драгор се гледаат масите и столиците од кафеаните на славната “Дембел чаршија”
Панорама на градот кон југозапад. На левата страна се гледа Саат кулата и Исак џамија до неа, и Општинската зграда –хуќумат десно во средината на сликата. Битола 1911 г
Учениците од военото училиште “Ниази” го поздравуваат султанот Мехмед Решат V при неговата посета на Битола, од 20 до 24 јуни 1911 година.
Селото Гопеш – Битолско. 1911 г
Реката Драгор и Исак џамија. Битола 1911 г
Јени Маале со градините. Битола 1911 г.
Црвената касарна. „Последната серија на разгледници од Moustafa Fevzi, издадена по 1911 година со наслов “ Souvenir de Monastir” и опис само на француски јазик, е со послаб квалитет од претходните серии. Истите се печатени во Германија, во печатницата на Dr. Trenkler & Co од Leipzig. Мотивите кои ги има на оваа серија се објекти од армијата; касарни, воени училишта, или верски објекти, џамии.“
Спомен од Битола – Воената академија. Издавач Moustafa Fevzi, Битола 1911 година
Спомен од Битола – Општинската зграда – хуќумат со Исак џамија во заднината. Издавач Moustafa Fevzi, Битола 1911 година
Џамијата на Фаик паша во Девеани. Издавач Moustafa Fevzi, Битола 1911 година
Гимназијата со околните објекти на разгледница од 1911 година, испратена во Франција, на 18 октомври 1918 година.
Поглед на реката Драгор кон Пелистер со кафеаните од Дембел чаршија во 1911 година. Испратена до: Madame Mabuet12 Rue du TexelMontparnasse , Paris, France18,8,1918Драги родители, Се надевам дека ова мое писмо ќе ве најде во добро здравје. Јас исто така сум добар. Поздрав од мене и моите другари од војската.
Српската пешадија пред Битола во борбите за освојување на градот. Разгледница од серијата на Маричиќ и Јанковиќ. „Битола за време на Балканските војни 1912/13“
Напуштена турска батерија по битката кај селото Раштани во близина на Битола. „Битола за време на Балканските војни 1912/13“
Заробени турски војници во близина на Битола.„Битола за време на Балканските војни 1912/13“
Влегувањето на српската војска во Битола на 19 ноември 1912 година.„Битола за време на Балканските војни 1912/13“
Руски доброволци во Битола низ главната улица кај Камениот Мост на реката Курделес. 19 ноември 1912 година.„Битола за време на Балканските војни“
Приказ на српската војска во битката пред Битола. „Битола за време на Балканските војни 1912/13“
Разгледница издадена од Соломон Коен од Белград ја прикажува Српската комора пред Битола. Истата е испратена до: Лепосава Нед. БакичкиГлавна Улица Но 147 Крагујевац Поштована Г-ѓо Лепосава Ваше писмо од 21 овог месеца данас ……………….. Вас и све Ваше много поздравља; Ваш поштовалац Тихомир С. Ѓорѓевиќ Капетан „Битола за време на Балканските војни 1912/13“
„РАТ НА БАЛКАНУ 1912 ПРЕНОС РАЊЕНИКА ИЗ БИТОЉ У БЕОГРАД. „Разгледница од издавачот С.Ф. Огњановиќ од Нови Сад. Испратена до: Зорки ЈованчиќНиш, Звечанска ул.44 Нови Сад 15/III, 19 Теби и све остале много поздравља, родитељима љубим руку. Веља
Широк Сокак во 1912/13 година кон запад. Повеќето од куќите на оваа слика кои се во преден план, денес не постојат. Беа разрушени од бомбардирањето во Првата светска војна во 1917 година. Во заднината се видливи двете џамии; Јени и Исак џамија и ридот наречен Смилевски Баир.
Источната страна на Широк Сокак во1912/13 година гледана кон запад.На десната страна до децата чистачи на чевли и носачите (хамали) е хотелот “Македонија.”кој денес не работи.
Операциите на српската војска во Битола и во околината. „Битола за време на Балканските војни“
Операциите на српската војска во Битола и во околината. „Битола за време на Балканските војни“
Операциите на српската војска во Битола и во околината. „Битола за време на Балканските војни“
Операциите на српската војска во Битола и во околината. „Битола за време на Балканските војни“
Операциите на српската војска во Битола и во околината. „Битола за време на Балканските војни“
Српска комора пред Битола. „Битола за време на Балканските војни“
Турската војска по битката кај Битола „Битола за време на Балканските војни“
Транспорт на ранети од Битола за Белград. Разгледницата е испратена на 24 март 1913 година до: Госпоѓици Милеви ЛаловиќЗајечарДрага Миле, Седимо у хотел “Балкан” и посматрам овај бесан свет. Поздрав свима, Урош Лаловиќ. Хотелот “Балкан” се наоѓал на булевар 1 ви Мај број 288 и бил сопственост на Тодор Здравковски. Како хотел работел до 1945 година, а потоа бил национализиран.
Веселба пред Божик во кругот на Офицерскиот дом во Битола„Битола за време на Балканските војни“
На ден Бадник во Битола, во кругот на Офицерскиот дом. „Битола за време на Балканските војни“
Битола за време на Балканските војни – зградата на воената управа.„Со заземањето на градот се воспоставува новата управа. Општинската управна зграда – хуќумат постанува седиште на воената власт и во неа се сместени окружното начелство, дивизијата и општината“.
Битола за време на Балканските војни – зградата на воената управа сликана кон северозапад во која, покрај воената управа, се сместени и оп штината, и околиската управа. Фотографијата е направена од десната страна на реката Драгор од висина на некој балкон, јасно се гледаат сите објекти до денешната Гимназија и самата река Драгор. Многубројните посматрачи од другата страна на реката ја искористија оваа прилика да останат вечно на оваа фотографија.
Излетничкото место”Кај Крива Воденица” било многу популарно во тоа време.„Битола за време на Балканските војни“
Собир кај црквата „Света Недела” за Велигден. „Битола за време на Балканските војни“
Реката Драгор со Пелистер во заднината, во пролетта 1913 година.
Пазарен ден во Битола. „Битола за време на Балканските војни“
Главната улица – Широк Сокак во 1912/13 година. На левата страна е хотелот “Конституција” кој подоцна го промени името во “Ројал”.
Српската воена музика поминува под триумфалната капија на Решад V за време на Божикните празници 1913 година.
Српска комора пред Битола. Октомври 1912 година.
Заробени Албанци по битката кај Битола 1912 година.
Српските војници во дворот на Офицерскиот дом во Битола го прославуваат Бадник. „Битола за време на Балканските војни“
Главната улица кон север. Издадена од книжарницата “Основа” од Софија, 1915 година – рачно обоена.
Панорама на Битола направена од минарето на Хајдар Кади џамијата, во 1915 година. Во преден план е Дрвен Пазар (подоцна наречен Овчки Пазар) а подалеку Сунгур Чауш џамијата која денес не постои, Исак Јени џамијата и Саат кулата. Разгледницата е издадена и печатена во: Printing House- Boushinov
Битола турски квартал со дуќаните. Разгледница издадена 1915 г.
Еврејската чаршија. Разгледница издадена 1915 г.
5 декември 1915 година. Дрвен Пазар на разгледница издадена од Kriegshilfe од Минхен.
Дрвен Пазар со поглед кон Пелистер, во 1915.
Битолскиот Пекмез Пазар, во 1915 година.
Дел од Битола со поглед на Пелистер.
Главната улица гледана кон север на фоторазгледница од септември 1916 година испратена во градот Лом, Бугарија.