Млинот за жито и Занетчиското и уметничко училиште во Битола. Разгледница издадена околу 1910 год.
Млинот за жито на Исмаил Паша гледан од североисточната страна. Разгледница издадена околу 1910 год.
Булеварот покрај реката Драгор кон Пелистер со куќата на градоначалникот (гувернерот) на разгледница од 1907 година. (Денес Ректорат на Униерзитетот во Битола).
Железничката станица 1907 година на разгледница испратена до: Госпоѓица: Вукосава Поповиќ Ратарска 15 Београд Битољ, 29 новембар 1912 Поздравља све Бошко. Железничката станица е изградена во 1894 година како и пругата од Битола до Солун. Работите почнале во 1891 година а во 1894 година свечено е предадена во употреба. Железничката врска од Солун до Битола стана важен фактор за развитокот на градот и регионот, исто така. Преносот на стоки од пристаништето во Солун до внатрешноста на европскиот дел од Отоманската Империја се забрза, жителите се запознаа со европските стоки, а и стоки произведени од домашните земјоделци и сточари можеа да се продаваат во другите региони. Исто и армијата имаше голема корист од оваа врска за брзо пренесување на трупите, воен материјал и оружје.
Реката Курделес околу 1908 год. Испратена 27 мај 1914 година во Белград до: Госпожици: Љубици Нешичевој Студеначка ул.бр.67 Београд Драга Љубице, Ево ти карте из Битоља. Дали си добила писмо из Солуна. Срдачно поздравља Анѓи и теби од вашег Паје.
Водениците во Довлеџик на разгледница од почетокот на 20 век. Истата била испратена до: Госпоѓица Мариета Д.Лицеа Романија Турну—Северин Моја драга Мариета, Добри празници, Ви посакувам среќа; Наши поздрави; ве бакнува вашиот вујко М.Хололчев Битола 26 март 1909 година. Во општата статистика на град Битола во 1326 (1910) година по хиџри, од книгата на Мехмед Тефик “Кратка историја на Битолскиот вилает” се спомнува дека градот во тој период имал 26 воденици. Повеќето биле во горниот дел на градот во населбите Довлеџик и Девеани како овие на сликата, но ги имало и во другите делови на градот, на источната страна, во близина на полските села Горно и Долно Оризари, Логоварди, Новаци и други. Сите тие биле на воден погон со исклучок на млинот на Исмаил Паша. Една од познатите воденици во тој дел на градот била Кафтанџица. И таа вода добивала од реката Драгор.
Дел од градот гледан кон југозапад. Разгледница издадена околу 1910 год.
Дел од градот гледан кон југ. Разгледница издадена околу 1910 год.
Дел од селото Буково, Битолско. Издавач Pillis & Coucoulim. Разгледница издадена во 1910 година, а испратена во Бугарија за време на Првата светска војна, на ден 27 декември 1915 година. За Госпожа Анка К.Димитрова Гр. Харманли Бугарија Покрај мотиви од Битола, на разгледниците на издавачите Pillis & Coucoulim се јавуваат и мотиви од околните села како што е Буково. Близината на селото Буково до Битола, како и прекрасната природа и свеж воздух, била причина и рускиот конзул Ростковски да има вила во селото, а тоа било причина да се појават и разгледници од ова село.