Дел од Мечкар Маала во Битола. Разгледница издадена некаде помеѓу 1907 – 1912 година.
Кафето кај Тополите покрај реката Драгор, било омилено место на Мустафа Кемал Ататурк и неговите другари. Разгледница издадена некаде помеѓу 1907 – 1912 година.
Булеварот над Црн Мост гледан кон исток на разгледница од 1908 година испратена на 03 октомври 1913 година до: Г-дину Стефану Гајиќу Инспектору Народне Банке Београд Поздрав од Н.Д.Крстиќ
Булеварот гледан од Црн Мост нагоре на разгледница од 1908 година испратена во Турција
Реката Драгор и Пелистер. Разгледница испратена до Стефан Зографов, со печат од Женско милосрдно дружество „Битолиа”. Разгледница издадена некаде помеѓу 1907 – 1912 година.
Панорама на Битола од Тумбе Кафе од 1908 година.
Панорама на Битола од Смилевски Баир. Разгледница издадена некаде помеѓу 1907 – 1912 година.
Панорама на Битола од село Лавци со поглед на Воената болница и градот. Разгледница издадена некаде помеѓу 1907 – 1912 година.
Железничката станица гледана од Тумбе Кафе на разгледница од 1910 година. Испратена во Франција, на 16 ноември 1910 година.