Битола – стари разгледници

Souvenir de Monastir - 1902 година Панорама на Битола со Белата, Црвената касарна и полигонот за вежби на турската војска е најчестиот мотив од тоа време, како што е оваа разгледница од 23 декември 1902 година испратена во Софија со напис: Нада, Честито Коледе и Нова година. Кажи му на татко ти дека денес на Љубе му испратив една лира. Твојот братучед Авранов. 23 декември 1902 год. На страната на адресата стои: Mademoiselle Nadia Boutchkoffeleve a l’ecole francaisea Sophia (Bulgarie)
Souvenir de Monastir – 1902 година Панорама на Битола со Белата, Црвената касарна и полигонот за вежби на турската војска е најчестиот мотив од тоа време, како што е оваа разгледница од 23 декември 1902 година испратена во Софија со напис: Нада, Честито Коледе и Нова година. Кажи му на татко ти дека денес на Љубе му испратив една лира. Твојот братучед Авранов. 23 декември 1902 год. На страната на адресата стои: Mademoiselle Nadia Boutchkoffeleve a l’ecole francaisea Sophia (Bulgarie)

Битола—Црвената касарна 1908 година. Црвената касарна за пешадијата била изградена во 1253 година по исламскиот цалендар, односно 1837/38 година, кога гувернер и командант во Битола бил Ќосе Ахмет Паша. Архитект за истата бил Стојан Везенков. Изградбата почнала во 1837 година, и учествувале сите граѓани на Битола. Овој огромен објект, во кој можело да се сместат осум баталјони војска, бил завршен за шест месеци. После кратко време по завршувањето на Црвената ка­сарна почнала изградбата на Белата касарна за коњицата и артилеријата. Истата била завршена во 1844 година. Во близина на овие две касарни била соградена во 1845 година, и Воената академија која и денес постои. Истата започна со работа во 1847/48 година. Кемал Ататурк го започна школувањето во 1895 година и заврши во 1899 година. Негов учител по историја бил Мехмед Тевфик Бег.

Битола—Црвената касарна и Воената академија во 1903 година. Црвената касарна за пешадијата била изградена во 1253 година по исламскиот цалендар, односно 1837/38 година, кога гувернер и командант во Битола бил Ќосе Ахмет Паша. Архитект за истата бил Стојан Везенков. Изградбата почнала во 1837 година, и учествувале сите граѓани на Битола. Овој огромен објект, во кој можело да се сместат осум баталјони војска, бил завршен за шест месеци. После кратко време по завршувањето на Црвената ка­сарна почнала изградбата на Белата касарна за коњицата и артилеријата. Истата била завршена во 1844 година. Во близина на овие две касарни била соградена во 1845 година, и Воената академија која и денес постои. Истата започна со работа во 1847/48 година. Кемал Ататурк го започна школувањето во 1895 година и заврши во 1899 година. Негов учител по историја бил Мехмед Тевфик Бег.

Уметничко и занаетчиско училиште во Битола во 1906 година. Уметничкото и занаетчиско училиште започна со работа во 1900 година, да обучува ученици во занимања кои беа барани во тој период како: кројачи, столари, грнчари, инженери, и телеграфисти. Сите овие големи објекти се изградени кога на власт во Битола како валии беа Ахмед Ејуб Паша и Абдул Керим Паша.

Главната улица - Широк Сокак во 1907 година со име: Rue Hamidie. Разгледницата е испратена во Франција на 03 април,1908 година. Фотографијата е направена од хотелот ”Ориент”
Главната улица – Широк Сокак во 1907 година со име: Rue Hamidie. Разгледницата е испратена во Франција на 03 април,1908 година. Фотографијата е направена од хотелот ”Ориент”

Хотелот “Ориент” сликан од Широк Сокак кон југ, во мај 1905 година.

Реката Драгор со поглед кон Црн Мост и Пелистер, од јули 1906 година.

Реката Курделес со поглед на Пелистер, од јануари 1908 година.

Општинската управна зграда – хукумат јули 1905 година сликана од десната страна на реката Драгор кон североисток.

Страна 3 >