Битола – стари разгледници

Општинската зграда – хукумат 1908 година сликана кон запад. Во заднината се гледа куќата на гувернерот која беше адаптирана во резиденција за султанот Решат V при неговата посета на Битола, во јуни 1911 година.

Реката Драгор со кафето кај Тополите -”Kafe Kavaklar a Monastir”. Разгледница од 1906 година испратена од Битола за Смирна, Турција. Ова кафе било многу популарно кај младите. Еден од честите гости бил и Кемал Ататурк. Истата разгледница е издадена повторно во 1908 година, во иста боја и опис како оваа од 1906 година.

Поглед кон реката Драгор и Пелистер во 1904 година, и испратена во градот Суец, Египет, на 06 ноември 1904 година. Истата е изработена во Печатницата: M.Gluckstadt & Munden Hamburg, Germany.

Поглед на Девеани во Битола во 1908 година. Испратена по пошта (Текст старотурски)

Местото Довлеџик со водениците во септември 1907 година.

Bitola Old Postcards
Житни Пазар мај 1905 испратена во Анверс, Белгија, 7 март 1907 год. Житни Пазар постоеше сé до 1973 година кога на тоа место беше изградена Стоковната куќа на Т.П.„Јавор”.

Народна болница во Битола. Издадена во март 1906 година.Денес оваа зграда се наоѓа во комплексот на фабриката за трикотажа”Пелистер”.

Подготвително училиште за државни службеници. Денес Гимназија “Јосип Броз Тито”. Разгледница од јули 1905 година.