Категорија Локации

Манастир Св. Меркурие село Барешани

Bareshani St Merkurie

Манастирот Св. Меркурие е сместен во западниот дел на село Барешани и е составен од трикорабна црква, камбанарија и конаци. Според натписот на источниот ѕид, црквата е изградена во 1836. Камбанаријата е лоцирана во близина на влезната врата на манастирот…

Св. Ѓорѓи село Олевени

Oleveni Bitola Macedonia st george 01

Црквата посветена на Св. Ѓорѓи е најстара црква во село Олевени. Поставена на еден рид, оваа црква доминира над поголемиот дел од селото. Се претпоставува дека е изградена во почетокот на 19 век.

Католичка црква „Пресвето Срце Исусово“ – Битола

Catholic Church “Sacred Heart of Jesus” – Bitola

Сместена на најпознатата улица во Македонја – Широк Сокак, Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ е еден од најпрепознатливите духовни и архитектонски симболи на Битола. Меѓу локалното население едноставно е позната како Католичка црква и претставува тивок, но впечатлив сведок на…

Св. Пантелејмон

Sv Pantelejmon Bitola

Црквата Св. Пантелејмон е сместена во близина на студенскиот дом на улица Студентска. Црквата е доста активна преку целата година, а особено на 9ти август кога голем број на луѓе се собираат да запалат свеќа или пак да се напијат…

Св. Благовештение

Sv Blagovestenie Lavchanski pat Bitola

Црквата Св. Благовештение е новоизградена црква во населбата Стрчин на патот за село Лавци. Адреса: Лавчански Пат, 7000 Битола

Црква Св. Наум

Sv Naum Bitola

Адреса: Христо Христов 15, 7000 Битола Црквата Св. Наум е метох на манастирот Св.Наум, односно приватен станбен објект поклонет на манастирот околу 1931 година. Претставува значајно култно место, лоцирано во централното градско подрачје.  

Св. Константин и Елена – Влашка црква

St. Constantine and Elena Church - Vlach Church Bitola

Црквата Св. Константин и Елена или позната и како Влашка црква, порано се наоѓала на местото на денешниот хотел Епинал. За време на Првата светска војна црквата била тешко оштетена и била преместена на нејзината денешна локација. Адреса: Стив Наумов…

Св. Архангел Гаврил – Довлеџик

St Gabriel the Archangel Church Dovledzik Bitola

Црквата Св. Архангел Гаврил е сместена во населбата Довлеџик на излезот од Битола на патот за Охрид. Контакт: Манастирска црква “Св. Архангел Гаврил”- Битола Адреса: ул. “Довлеџик” бб- Битола Телефон: 047-229-474

Кркардаш – Св. 40 маченици

Krkardash - 40 Holy Martyrs Church (Кркардаш- Св 40 маченици) - Bitola, Macedonia

Кркардаш е позната локација во северниот дел на Битола во населбата Баир. Според легендата на ова место се случила жестока битка помеѓу локалното население и освојувачката отоманска војска. Имено, отоманската војска во текот на 1382-1383 година во тешки и крвави…

Св. Илија – манастир село Крклино

St. Iliya Krklino, Bitola Municipality, Macedonia

Манастирот Св. Илија е сместен на височинка веднаш над село Крклино. До манастирот води тесен асфалтиран пат со посебен режим на движење, во периодите кога има повеќе посетители. За време на Првата светска војна село Крклино и манастирот Св. Илија…

Св. Троица – Буковски Ливади

Holy Trinity church - Bukovski Livadi

Храмот Св. Троица во населбата Буковски Ливади е новоизграден храм во склоп на Преспанско-пелагониска православна епархија – Буковска парохија. Храмот и неговата околина преку целата година е омилена локација за пикник за населението од Битола. „Светото тројство (Света Троица) е…

Св. Никола село Буково

St. Nikola (Св. Никола) village Bukovo

Црквата Св. Никола е голема трикорабна црква сместена во јужниот дел на село Буково. Во дворот на оваа црква се сместени и селските гробишта. Во село Буково и неговата околина во XIX и почетокот на XX век се обновени и…

Манастир Св. Архангел и Св. Спас село Буково

Monastery St. Archangel and St. Spas (Holy Salvation) - village Bukovo

Манастирот Св. Архангел и Св. Спас е сместен на западната страна во близина на село Буково, веднаш до патот кој води за село Ореово. Манастирот е сместен во густа букова шума и е одлично место за одмор за време на…

Св. Богородица село Буково

St. Mary church (Св. Богородица) in village Bukovo

Црквата Св. Богородица е сместена во југоисточниот дел од село Буково, на височинка од каде се отвара прекрасна панорама кон селото. Во дворот на оваа црква се сместени дел од селските гробишта, а на влезот од храмот стои текст: „Спомен…

Св. Димитриј село Буково

Св. Димитриј село Буково

Во село Буково и неговата околина во XIX и почетокот на XX век се обновени и подигнати голем број на христијански храмови. Црквата „Св. Димитриј“ е изградена при крајот на XIX век и е главна селска црква сместена во центарот…

Св. Петка село Горно Ореово

St. Petka (Св. Петка) village Gorno Oreovo

Црквата Св. Петка во село Горно Ореово е трокорабна градба со седумстрана апсида и придодаден трем, изградена во 1860 г. Внатрешноста на овој храм изобилува со добар живопис, еден во подобрите во овој дел на Македонија. Во олтарната пеграда на…