Ознака Цркви и манастири

Цркви и манастири – Битола инфо. Информативен веб портал за Битола и околината. Туристичка понуда, културно наследство, активности и сл.

Црква „Св. Димитриј“ Битола

Св. Димитриј, Битола

Црквата „Св. Димитриј“ во Битола е еден од најзначајните православни храмови во градот и важен духовен и културно-историски споменик. Таа е посветена на Свети Димитриј Солунски, еден од најпочитуваните христијански светци и заштитник на Солун и на христијанството на овие…

Св. Петар и Павле – манастир во близина на село Црновец (Црнеец)

Sts. Peter and Paul Monastery - Crnovec village, Bitola municipality

Манастирот Св. Петар и Павле во близина на село Црновец (Црнеец) е еден од ретките активни манастири во близина на Битола. Сместен во густа дабова шума, манастирот се наоѓа во непосредна близина на акумулацијата Стрежево. Според плочата која се наоѓа…

Св. Ѓорѓи – село Магарево

sv-gjorgi-magarevo

Во непосредна близина на импозантната црква Св.Димитриј во село Магарево, се наоѓа црквата Св. Ѓорѓи, како остаток од некогашниот женски манастир кој постоел на тоа место. Црквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и камбанарија на западниот дел.…

Св. Димитриј – село Магарево

St. Dimitrij Magarevo

Црквата посветена на св. Димитриј во село Магарево е изградена во 1835 година. Оваа извонредна трикорабна градба е единствена по многу нешта во поширокиот регион. По своите димензии и времето на градба, црквата во голема мера е слична со црквата…

Успение на Пресвета Богородица – Ѓавато

Sv Bogorodica Gjavato

Црквата Успение на Пресвета Богородица е сместена во атарот на село Ѓавато на превојот Дервен (1168 м.н.в) на патниот правец Битола – Ресен (22 км од Битола). Местото претставувало важна точка на патот кој минувал тука уште од античко време…

Св. Спас и врв Вртешка (2010 м.н.в) – село Маловишта + фото галерија

Ascension of Christ church (Св. Спас) near Malovishte village

Во близина на село Маловишта на 1910 м.н.в на територијата на Националниот Парк „Пелистер“ се наоѓа црквата посветена на Вознесението Христово или Спасовден. Објектот е еднокорабна градба со влез од јужната страна и полукружна апсида на исток.

Св. Петка, село Маловишта

St. Petka church, Malovishte village

На стрмните падини во централниот дел на село Маловишта, врз вештачки оформено плато се наоѓа храмот посветен на св. Петка. Изграден во 1856 година, храмот е едно од поголемите архитектонски зданија во Националниот парк Пелистер. Со својот сочуван фрескоживопис, како…

Св. Ѓорѓи село Цапари

St. George, Capari, Bitola Municipality, Macedonia

Црквата Св.Ѓорѓи во село Цапари е голема трикорабна црква изградена во 1888 година. Брзо по нејзината изградба таа е осликана од браќата Радеви од Лазарополе (Јаков и Јосиф). Особено импресивен е јужниот влез во црквата со насликаните претстави на архангелите…

Св. Атанасиј село Цапари

St. Atanasij Capari

Црквата Св. Атанасиј е мала еднокорабна црква сместена на патот кој од село Цапари води до манастирот Св. Петка. Се претпоставува деа црквата е изградена кон крајот на 19 век. Интересни локации во село Цапари кои вреди да се посетат:…

Св. Петка – манастир во село Цапари

St. Petka, Capari - Macedonia

Манастирскиот комплекс Св. Петка во село Цапари е една од локациите кои не смеете да ги пропуштите при Вашата посета на Битола. Сместен во густатата букова шума на Баба планина, овој манастир е една од омилените дестинации на битолчани во летниот период, како прибежиште од летните горештини во градот.

Св. Никола село Лавци

Sv Nikola Church Lavci village near Bitola

Црквата Св. Никола е главна црква во село Лавци. Сместена е во центарот на селото десно од паркингот и локалната продавница. Според натписот над јужниот влез, црквата е изградена во 1939, а осветена во 1961 година. Олтарниот дел од црквата…

Буковски Манастир – Св. Преображение Христово

Bukovo Monastery – Holy Transfiguration of Christ - near Bitola

Буковскиот манастир Св. Преображение Христово е сместен во живописна шума на околу 2 км од село Буково во Општина Битола. Манастирскиот комплекс се состои од манастирска црква, порта, конаци со кујна и трпезарија, камбанарија и помошни објекти. Не постојат многу податоци…

Св. Спас село Брусник

Sv Spas, Brusnik, Bitola, Macedonia

Црквата Св. Спас е сместена во источниот дел на село Брусник во близина на Битола. Според достапните информации црквата била изградена и осветена во почетокот на XX век. Како и многу други објекти од овој дел на Македонија, црквата Св.…

Манастир Св. Меркурие село Барешани

Bareshani St Merkurie

Манастирот Св. Меркурие е сместен во западниот дел на село Барешани и е составен од трикорабна црква, камбанарија и конаци. Според натписот на источниот ѕид, црквата е изградена во 1836. Камбанаријата е лоцирана во близина на влезната врата на манастирот…

Св. Илија село Велушина

Црквата Св. Илија во село Велушина е мала гробна црква лоцирана во близина на асфалтниот пат кој од селото води до манастирот Св. Ѓорѓи. Се претпоставува дека оваа еднокорабна градба датира од 18 век, од кога е утврдено дека потекнува…

Црква Св. Недела

Sv. Nedela Bitola Macedonia

Црквата Св. Недела е сместена на левата страна од северрниот влез во Битола веднаш до истоимените гробишта. Изградена во 1863 како и многу други цркви во тој период и црквата Св. Недела е изградена со придонеси на занаетчиите од Битола.…

Манастир Св. Архангел Михаил

St. Archangel Michael Monastery in Bitola Macedonia

Манастирот Св. Архангел Михаил е сместен во северниот дел на Битола во населбата Баир во близина на црквата 40 Маченици – Кркардаш. Во близина на манастирот минува регионалниот пат M5 кој ја поврзува Битола со Прилеп и Охрид. Според кажувањата…