Црквата Успение на Пресвета Богородица е сместена во атарот на село Ѓавато на превојот Дервен (1168 м.н.в) на патниот правец Битола – Ресен (22 км од Битола). Местото претставувало важна точка на патот кој минувал тука уште од античко време и се претпоставува дека селото Ѓавато првобитно било на оваа локација.


Црквата Успение на Пресвета Богородица е изградена 1971 година и поради бистрата изворска вода, денес е омилена станица на патниците кои минуваат тука. Исто така чести посетители се планинарите, за кои оваа црква е почетна точка од разните планинарски патеки кои водат на неколку места на Баба планина кон југ и Плакенскиот масив кон север.
Црквата го слави верскиот празник Голема Богородица кога уште од вечерните часови на 27 август, голем број верници доаѓаат во храмот, ноќеваат во околината, а следниот ден на 28-ми има голем собир во дворот на црквата.

Dormition of the Mother of God church - Gjavato - panorama
Dormition of the Mother of God church - Gjavato - panorama
Exit of the church - Dormition of the Mother of God church - Gjavato
Side view of the church - Dormition of the Mother of God church - Gjavato
Аuxiliary objects of the church - Dormition of the Mother of God church - Gjavato
Info point  - National park Pelister
Info point  - National park Pelister
View from the parking lot - Dormition of the Mother of God church - Gjavato
Panoramic view - Dormition of the Mother of God church - Gjavato near Bitola