Admin

Admin

Св. Богородица село Канино

Kanino Sv Bogorodica

Црквата Св. Богородица е поставена на мало возвишение на западната страна на село Канино. Храмот е трикорабна градба со полукружна апсида на исток и камбанарија на југоисточниот агол. Изградена во 1830 г. на темели од постар храм, црквата е реновирана…

Св. Богородица село Граешница

Црква Св. Богородица Пречиста во село Граешница е лоцирана на влезот во селото покрај асфалтниот пат. Таа е мала еднокорабна градба со полукружна апсида на источната фасада. Црква Св. Богородица Пречиста е една од најстарите цркви во овој регион и…

Св. Вознесение (Св. Спас) во село Граешница

Sv Spas Graeshnica - Bitola

Црквата Св. Вознесение (Св. Спас) е сместена во средината на село Граешница на 18 км од Битола. Храмот е трикорабна градба со тремови на јужната и западната страна. Високата камбанарија е поставена на западниот влез. Според натписот на фасадата може…

Св. Никола село Драгош

Dragosh Bitola Macedonia 02

Црквата Св.Никола е подигната во средината на XIX век, на западната страна на село Драгош, на 400 метри од центарот на селото. Во црковниот двор се сместени селските гробишта. Храмот претставува релативно голема трикорабна градба со полукружна апсида на источната…

Св. Варвара село Драгош

Dragosh Bitola Macedonia 01

Dragosh (Драгош) village Црквата Св. Варвара е сместена на влезот од село Драгош покрај асфалтниот пат. Црквата потекнува од поствизантискиот период и најважните икони од овој храм, денес се музејски експонати и не можат да се видат во самата црква.…

Св. Илија – манастир во близина на село Драгош

Sv. Ilija Dragosh, Bitola, Macedonia

Манастирот Св. Илија во село Драгош е градба од поново време, обновен врз темелите на старата црква. Самиот манастир има интересна местоположба, и се наоѓа на самата граница со Р. Грција, при што со јужниот ограден ѕид, речиси го допира граничниот камен.

Св. Недела село Велушина

sv nedela velushina

Црквата Св. Недела во село Велушина е мала еднокорабна градба лоцирана веднаш до локалниот пат Велушина – Острец. Село Велушина е сместено на 12 км од Битола на надморска висина од 616 м, веднаш на линијата каде Баба планина преминува…

Св. Илија село Велушина

Црквата Св. Илија во село Велушина е мала гробна црква лоцирана во близина на асфалтниот пат кој од селото води до манастирот Св. Ѓорѓи. Се претпоставува дека оваа еднокорабна градба датира од 18 век, од кога е утврдено дека потекнува…

Манастир Св. Ѓорѓи село Велушина

st george monastery velushina

Манастирот Св. Ѓорѓи е лоциран на 1.7 км западно од село Велушина, Општина Битола. Од овој манастир посетителите имаат можност да уживаат во убавата панорама на Пелагонија, а од спротивната страна пак, особено навечер, јасно е видлив осветлениот крст. Во…

Успение на Пресвета Богородица село Велушина

uspenie na presveta bogorodica velushina

Црквата Успение на Пресвета Богородица во с. Велушина е една од најстарите цркви во битолскиот регион. Кај овај комплексен објект досега се констатирани неколку фази на градба – од крајот на X и почеток на XI век, потоа XII и…

Св. Димитриј село Дихово

St. Dimitrij Dihovo Bitola Macedonia

Храмот посветен на Св. Димитриј во село Дихово е мала трикорабна црква со камбанарија прикачена кон западната фасада. Според натписот над една од вратите, храмот е изграден во 1830. Иконостасот е составен од три реда на икони кои потекнуваат од…

Св. Злата Мегленска

Sv. Zlata Meglenska Bitola Macedonia

Црквата Св. Злата Мегленска е сместена во источниот дел на Битола во близина на ресторанот Арена и поранешната Кожара. Црквата е осветена на 13 септември 2014.  

Св. Спас село Брусник

Sv Spas, Brusnik, Bitola, Macedonia

Црквата Св. Спас е сместена во источниот дел на село Брусник во близина на Битола. Според достапните информации црквата била изградена и осветена во почетокот на XX век. Како и многу други објекти од овој дел на Македонија, црквата Св.…

Манастир Св. Атанасие – Смолево

Sv atanasij veliki Smolevo Bitola

Смолево било село на Баба планина југозападно од Битола помеѓу денешните села Лавци и Буково. На тоа место денес постои манастирот Св. Атанасие, кој воедно е и една од омилените локации за кратки прошетки и пикник на битолчани. Од населбата…

Св. Никола село Лавци

Sv Nikola Church Lavci village near Bitola

Црквата Св. Никола е главна црква во село Лавци. Сместена е во центарот на селото десно од паркингот и локалната продавница. Според натписот над јужниот влез, црквата е изградена во 1939, а осветена во 1961 година. Олтарниот дел од црквата…

Св. Богородица село Трново

St Mary Trnovo, Bitola, Macedonia

Црквата Св. Богородица е сместена на влезот од село Трново. Изградена во 1854, таа била тешко оштетена за време на Првата светска војна и голем дел од нејзиниот имот исчезнал без трага. Нејзиниот вреден иконостас бил расклопен од страна на…

Манастир Св. Илија во близина на село Лавци

Sv Ilija Lavci, Bitola

Манастирот Св. Илија е сместен во густа шума на околу 600 метри од центарот на село Лавци. Живописната природа која го опкружува овој мал манастир и ладната изворска вода, го прават ова место одлична пикник локација. До манастирот води тесна…

Буковски Манастир – Св. Преображение Христово

Bukovo Monastery – Holy Transfiguration of Christ - near Bitola

Буковскиот манастир Св. Преображение Христово е сместен во живописна шума на околу 2 км од село Буково во Општина Битола. Манастирскиот комплекс се состои од манастирска црква, порта, конаци со кујна и трпезарија, камбанарија и помошни објекти. Не постојат многу податоци…

Адвентистичка Црква

Adventisticka crkva Bitola

Адвентистичката црква е сместена во близина на градската библиотека Св. Климент Охридски Битола. Објектот е изграден при крајот на 19 век како приватен резиденцијален објект во еклектичен неоренесансен или необарокен стил. Овој објект припаѓа помеѓу најубавите примероци на ваков тип…