Стрежевско езеро - Битола

Стрежевско Езеро е вештачко езеро кое се наоѓа на средниот тек на реката Шемница. Браната “Стрежево” е подигната на 1.5 км низводно од село Стрежево, а на 24 км од вливот на Шемница во Црна Река. Браната е висока земјано – насипна, со централно глинено јадро и возводно и низводно потпорно тело од чакал. Нејзината изградба започнала во 1978 година, а првите делови профункционирале во 1982 година. Висока е 76 метри, со ширина од 10 метри и должина на круната од 632 метри.

Вештачката акумулација Стрежево е од исклучителна важност за Пелагонискиот регион затоа што преку неа се обезбедуваат потребните количини на вода за наводнување на дел од Пелагонија, се надополнувааат потребните количини на непреработена вода за потребите на ЈП “Водовод”, се обезбедува сирова вода за дел од индустријата, се заштитува од поплавување дел од Пелагонија итн.
Чистата и студена вода, во акумулацијата овозможува погодни услови за егзистенција на разни видови на риби, како калифорниска пастрмка, крап, клен и др. Со езерото раководи ЈП Стрежево и истото постојано се порибува, а има и најави збогатување на туристичката понуда во овој дел.

Доколку сте во близина на езерото, не пропуштајте:

Св. Петар и Павле – манастир во близина на село Црновец (Црнеец)